Актуелно: Првиот ноемвриски снег во Крушево    •   Зошто Nvidia не можеше без својот основач   •   Путин ја предупреди Европа: Ќе имате помалку руски гас и нафта, но повеќе проблеми   •   Кои се четирите момчиња од Преспа кои ќе се борат за нејзин спас и зачувување на уникатниот екосистем на езерото   •   Момче од Битола донирало храна за да ги спаси од глад кучињата од Animal Voice - На помош и хумана компанија, но храна нема за долго   •   Ја погледнавте ли СУПЕРМЕСЕЧИНАТА над Македонија - 14 отсто е поголема и 30 отсто посјајна од вообичаено    •   Во Битола вечерва се слави голем спортски успех - Триумф на Еурофарм Пелистер над Вибжеже во Европската лига   •   Малолетници од Ресен осомничени дека предизвикале пожар во напуштен објект - едниот дури и го снимал пожарот   

Локално

Училишната библиотека на гимназијата „Јосип Броз Тито“ – Битола побогата за вредна донација на англиска литература

Објавено: 9 ноември 2026, 22:25 ч.

Училишната библиотека на гимназијата „Јосип Броз Тито“ – Битола побогата за вредна донација на англиска литература

Училишната библиотека на СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ во Битола е збогатена со 45 нови новели на англиски јазик, со што учениците добија нов извор за знаење и јазично усовршување.

Оваа значајна донација е реализирана преку соработка со американската добротворна организација Darien Book Aid, која низ годините има снабдено со литература илјадници образовни установи и читатели ширум светот.

Книгите до гимназијата пристигнаа по иницијатива и заложби на волонтерот од Мировниот корпус, Џон Кампс, и професорката по англиски јазик, Јасмина Искова - Вељанова.

Од гимназијата истакнуваат дека од овие нови наслови ќе имаат повеќекратна придобивка младите генерации. Се очекува новелите активно да им помогнат на учениците во усовршувањето на вештината за читање, поттикнувањето на критичкото размислување, збогатувањето на англискиот вокабулар, како и во проширувањето на нивните културни хоризонти.

Со оваа донација, училишната библиотека продолжува да се развива како современ центар кој нуди неограничени можности за учење, истражување и личен развој на сегашните и идните генерации битолски гимназијалци.

Со нетрпение очекуваме овие книги да понудат неограничени можности за учење, откривање и личен развој на сегашните и идните генерации, велат од битолската гимназија.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 ноември 2026

Првиот ноемвриски снег во Крушево

25 ноември 2026

Зошто Nvidia не можеше без својот основач

25 ноември 2026

Путин ја предупреди Европа: Ќе имате помалку руски гас и нафта, но повеќе проблеми

25 ноември 2026

Кои се четирите момчиња од Преспа кои ќе се борат за нејзин спас и зачувување на уникатниот екосистем на езерото

24 ноември 2026

Момче од Битола донирало храна за да ги спаси од глад кучињата од Animal Voice - На помош и хумана компанија, но храна нема за долго

24 ноември 2026

Ја погледнавте ли СУПЕРМЕСЕЧИНАТА над Македонија - 14 отсто е поголема и 30 отсто посјајна од вообичаено

24 ноември 2026

Во Битола вечерва се слави голем спортски успех - Триумф на Еурофарм Пелистер над Вибжеже во Европската лига

24 ноември 2026

Малолетници од Ресен осомничени дека предизвикале пожар во напуштен објект - едниот дури и го снимал пожарот