Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 24 ноември 2026, 22:38 ч.
Кучињата во битолското прифатилиште за животни „Animal Voice“ се наоѓаат на работ на опстанок, вели младиот битолчанец Леонардо Соколов кој го води шелтерот.
По драматичните апели објавени во изминатите два дена дека засолништето останало без храна и е пред целосен колапс, хуманите граѓани успеаја да купат неколку дена мир, но вистинската битка за безбедно презимување допрва претстои.
„Благодарение на едно момче од нашиот град, денес добивме донација од 40 кг храна, со која успеавме безбедно да го поминеме денешниот ден. Неизмерно сме благодарни на сите кои застанаа зад нашиот шелтер по вчерашните објави. Нашиот шелтер останува привремено затворен за прием на нови животни на кои им е потребна помош, сè додека не најдеме начин да продолжиме понатаму. Имаме обезбедено храна за неколку дена, но и тие денови брзо ќе поминат. Благодарение на вашата вчерашна поддршка, ниту едно куче не е вратено на улица, но до кога ќе можеме да издржиме?
Нашите линии за контакт за итни случаи се исклучени, бидејќи во моментов не сме во можност да им помагаме на нови животни. Многу животни умираат и страдаат на улиците, но нам ни се врзани рацете.“-вели Леонардо.
Кризата кулминираше со исцрпувањето на залихите на храна
Кризата кулминираше вчера, кога од прифатилиштето алармираа дека залихите на храна се целосно исцрпени, а долговите растат. Во очајнички обид да ги нахрани животните, Леонардо успеал да обезбеди само 60 леба — количина што не е доволна ниту за по еден оброк по куче, ниту пак ги задоволува нивните нутритивни потреби.
Брзата реакција на јавноста донесе привремено олеснување. За само 24 часа беа собрани 1.475 евра, а локални поддржувачи и компанијата „Мигрос“, која редовно донира по 100 леба неделно, обезбедија дополнителни 120 килограми храна. Сепак, собраните средства веднаш се пренасочуваат за најитните потреби.
„Штотуку добив повик од луѓето од Мигрос, кои секоја недела ни донираат по 100 леба. Тие обезбедија 80 кг храна за наредните два дена и неизмерно сме им благодарни за сè што прават за нашиот шелтер.“-рече вечерва Леонардо, додавајќи: „Многумина од вас ни испратија донации преку PayPal, GoFundMe, како и преку банкарски трансакции. Неизмерно сме благодарни за вашата поддршка. Голем дел од тие средства ќе бидат наменети за покривање на долговите и кредитите кои ги имаме од изминатиот период. Утре ќе го затворам кредитот од 400 € кој го подигнавме минатиот месец за да преживееме. Мораме да ги подмириме долговите за храна за да можеме да продолжиме понатаму и секогаш да имаме можност за достава на храна. Од вчера до денес собравме вкупно 1.475 €, од кои 400 € ќе бидат наменети за затворање на кредитот, 575 € за храна за да го завршиме овој месец, а остатокот за подмирување на долговите. Сè уште сме далеку од победа во оваа битка, затоа ве молиме продолжете да донирате, да споделувате и да помагате. Нашиот шелтер е на работ на колапс.“-вели тој.
Шелтерот привремено затворен за прием на нови животни
Поради преоптовареноста и недостигот на ресурси, шелтерот е привремено затворен за прием на нови животни, а телефонските линии за итни случаи се исклучени.
„Тоа што имаме храна не значи дека нашите кучиња се БЕЗБЕДНИ, бидејќи не се! Нашата моментална локација е во катастрофална состојба, прифатилиштето се распаѓа, пристапниот пат е катастрофа, немаме ограда, кучињата кои се слободни се во опасност, а во 10 боксови се сместени над 30 кучиња. Еден бокс е наменет за едно куче, а не за повеќе. Имаме ново земјиште, НО НЕМАМЕ ПАРИ ЗА ДА ПРОДОЛЖИМЕ СО РАБОТА. За почеток мора да поставиме ограда. Ги имаме столбовите, бетонот, песокот и камењата, односно потребниот материјал за поставување на столбовите, но немаме работници. Потребни ни се 200€ за да ги платиме работниците. Добро, да речеме дека имаме работници кои ќе ги постават столбовите, но сега немаме ограда. За нашето земјиште ни е потребна ограда во должина од 260 метри, односно 1.300€ за поставување на првиот, цврст слој од оградата. Кучињата повторно ќе страдаат оваа зима на моменталната локација. Не можеме да продолжиме да градиме тука, бидејќи не можеме да фрламе пари залудно. Мораме ШТО Е МОЖНО ПОСКОРО да продолжиме со изградбата на новото земјиште. Можеме ли да собереме 1.500€ за поставување на столбовите и првата ограда.“-побараа помош од шелтерот преку социјалните мрежи.
Како да се даде втора шанса на спасените животни
За сите кои сакаат да помогнат интегрално ги споделуваме информациите објавени од шелтерот:
Секоја донација, без разлика на износот, ни помага да обезбедиме храна, ветеринарна грижа и безбедно место за нашите спасени животни. Ви благодариме што ја поддржувате нашата мисија!
Поддршка од Македонија
Донирајте храна за кучиња
Доколку сте од Македонија, можете да ни помогнете со донирање храна во некој пет-шоп во Битола или да ни испратите храна директно на нашата адреса. Испратете ни порака и ќе ви ги дадеме потребните информации за достава.
Донирајте на ветеринар
Доколку сте од Битола и сакате да донирате за специфична операција на некое од нашите животни или за ветеринарниот долг, можете да донирате директно кај Др. Владимир.
Трансакциска сметка:
ТТК Банка АД Скопје
Сметка: 290500014108967
Примач: Леонардо Соколов
Ве молиме задолжително наведете за што донирате во описот на уплатата.
Поддршка од странство
PayPal:
animalvoice08@gmail.com
PayPal сметката е регистрирана на името Lynn. Ве молиме наведете забелешка (mention) при донацијата и изберете ја опцијата Friends & Family за да се избегнат дополнителни провизии.
Patreon (месечни донации):
https://www.patreon.com/animalvoice
Ви благодариме што ни помагате да им дадеме втора шанса на спасените животни, порачуваат од шелтерот во Битола.
А.Ш.
25 ноември 2026
25 ноември 2026
25 ноември 2026
25 ноември 2026
24 ноември 2026
24 ноември 2026
24 ноември 2026
24 ноември 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025