Пелагонија во фокусот
Поткасти
Објавено: 9 октомври 2026, 12:44 ч.
Со употреба на дронови полесно и побрзо може да се лоцира фронтовата линија на пожарот кога со огнот се зафатени шуми.
Токму на оваа тема, ученици од СОУ „Таки Даскало“ од Битола, како дел од проектот „Дигитална акција за зелена реакција“ на граѓанската организација Граѓански Патеки Битола, започнаа истражувачка мисија за заштита на животната средина.
Поткастот кој го водат Дарко Стефановски и Марко Савиќ открива како дроновите му помагаат на Националниот парк Пелистер во раната детекција на пожарите, кои се предизвиците со кои се соочуваат чуварите на шумата и што можеме сите ние да направиме со цел преку одговорно однесување при престој во природа да ги зачуваме нашите зелени богатства.
Слушнете повеќе во поткастот продуциран во рамките на проектот „Дигитална акција за зелена реакција“ поддржан преку грантовата шема Digital Spark, како дел од проектот Регионален механизам за поддршка EECA, имплементиран од Фондацијата Metamorphosis и TechSoup, во партнерство со CIVICUS и во рамките на Иницијативата за дигитална демократија (Digital Democracy Initiative) DDI што го опфаќа Глобалниот Југ.
А.Ш.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025