Пелагонија во фокусот
Спорт
Објавено: 25 октомври 2026, 17:10 ч.
Денеска во Прилеп, се одржа шестото и последно коло од Првата и Младинската бокс-лига на Македонија, на кое БК „Ронин“ ја потврди својата сила и го освои шампионскиот пехар во Првата лига.
„Имав чест да му го врачам пехарот на нашиот шампионски клуб и лично да им честитам за овој голем успех, на боксерите, тренерите и целиот тим за трудот, посветеноста и остварените резултати. Посебни честитки до БК „Ронин“ и за одличната организација на завршното коло, со кое Прилеп уште еднаш се потврди како град што го сака и го поддржува спортот.
Честитки и до БК „Пинк Пантер“ од Штип за освоеното прво место во Младинската лига, како и до сите учесници за спортскиот дух и прикажаните борби. Продолжуваме да ги поддржуваме нашите спортски клубови и спортисти. Нивните успеси се успеси на Прилеп, а зад секоја победа стојат многу труд, дисциплина и упорност.“-соопшти прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.
П.Н.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025