Пелагонија во фокусот
Уредувачка политика
Дигиталната медиумска платформа evo.mk е независен медиум посветен на истражувачко, длабинско и мултимедијално новинарство во јавен интерес.
Нашата мисија е да ја информираме јавноста преку веродостојни и проверени информации, давајќи глас на обичниот човек, младите, жените, малцинствата и маргинализираните заедници и сите оние чии приказни остануваат недоволно застапени во мејнстрим медиумскиот простор.
Овој документ ги утврдува основните уредувачки принципи, професионални стандарди и етички норми кон кои се придржува целата редакција на evo.mk при креирањето и објавувањето на содржините.
Еvo.mk има целосно независна уредувачка политика.
Нашата редакција работи целосно независно, без какво било политичко, комерцијално или институционално влијание.
Финансиската поддршка преку грантови, проекти или комерцијални соработки на никој начин не смее да влијае врз содржината, слободата на известувањето или интегритетот на новинарските приказни.
Јавниот интерес ја води нашата работа при изборот на теми. Нашите написи имаат за цел да отвораат јавна деба за значајни општествени прашања, да поттикнуваат транспарентност и одговорност кај институциите барајќи решенија за проблемите во заедницата.
Безбедноста, приватноста и интегритетот на нашите соговорници се клучни.
Нудиме строга доверливост и гаранција за целосна анонимност на ранливи лица, свиркачи, работници и граѓани кои се соочуваат со ризик од економска, социјална или правна одмазда.
Строго се почитува Законот за заштита на личните податоци.
Транспарентноста ја гради довербата со публиката.
Нашите информации за сопственоста, импресумот и уредувачкиот тим се јавно достапни.
Секоја ненамерна грешка или неточност утврдена во процесот на работа се корегира веднаш.
Доколку грешката е воочена по објавувањето, редакцијата се обврзува транспарентно и јавно да ја објави исправката во рамките на содржината.
Секој придонес од нашата публика е добредојден.
Сите материјали добиени од граѓаните се третираат со максимална професионална етика.
Ја охрабруваме публиката активно да учествува во новинарскиот процес преку праќање предлози, сведоштва и користење на дигитални алатки за достава на информации во било која форма (текст, фотографија, видео) до нашиот медиум.
Се залагаме за избалансирано, објективно и чесно известување.
На сите поединци, институции, компании или други засегнати страни кои се опфатени во нашите стории, им овозможуваме соодветна можност и разумен рок да ги изнесат своите ставови, објаснувања и аргументи.
Во содржините на evo.mk секогаш има простор за сите страни да ги презентираат своите гледишта, со цел публиката да добие целосна и објективна слика за обработуваната тема.
Новинарите и соработниците на evo.mk имаат право да бидат вклучени во граѓански, добротворни, религиозни или социјални организации, но мора да водат сметка нивните активности, ангажмани или приватни интереси да не водат до создавање на конфликт на интереси ниту пак да ја нарушуваат објективноста на медиумот.
Забрането е примање на парични подароци или материјални добра кои можат да влијаат врз професионалното одлучување и известување.
Оваа уредувачка политика е динамичен документ кој редовно се ажурира и надградува со цел да ги следи современите дигитални трендови, меѓународните новинарски стандарди и развојот на онлајн медиумскиот простор.
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025