Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 24 октомври 2026, 14:57 ч.
Мечка била удрена од патничко возило на автопатот Скопје–Тетово. Сообраќајната несреќа се случила на 23 октомври 2026 година, во вечерните часови.
Според информациите од полицијата, вчера околу 22 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Тетово патничко возило удрило во дивото животно.
На лице место излегол и ветеринар од Зоолошката градина во Скопје кој констатирал дека животното е угинато.
Увид на местото на настанот извршила и увидна екипа на СВР Скопје.
Во последните неколку сезони се почести се случаите да се забележат диви животни на места каде не се вообичаени. Во потргата по храна мечките се забележуваат и во близина на урбани средини.
Фотографија: Vecteezy
Редакција
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
25 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
24 октомври 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025