Актуелно: Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?   •   БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип   •   Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда   •   Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска   •   Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата   •   Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола   •   Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово   •   Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето   

Политика на приватност

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ НА EVO.MK

Последно ажурирање: 15 декември 2025

Добредојдовте на evo.mk (во понатамошниот текст: „evo.mk“ или „веб-страницата“). Нашата мисија е да ве информираме професионално, но исто толку ни е важна и заштитата на вашата приватност и сигурноста на вашите лични податоци.

Оваа Политика на приватност објаснува какви податоци собираме кога ја посетувате нашата веб-страница, како ги користиме, како ги штитиме и какви се вашите права согласно Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија.

Издавач на регионалниот информативен магазин evo.mk е Здружението на граѓани „Граѓански патеки“ Битола, со седиште на ул. Кланица 4/2, 7000 Битола.

1. Какви податоци собираме?

Оваа веб платформа е дизајнирана да собира минимален број на податоци. Ние не собираме, не зачувуваме и не обработуваме ваши лични податоци (како име, е-пошта, телефонски број или IP адреси) за маркетинг цели, ниту пак ве следиме низ интернет.

Податоци кои вие доброволно ги доставувате: Доколку стапите во контакт со нашата редакција преку нашите официјални е-меил адреси или преку контакт телефонот, податоците што ќе ги споделите (име, презиме, е-меил адреса, телефонски број) се обработуваат исклучиво за целта на вашата порака/барање (на пр. одговор на прашање, сугестија, демант, соработка и слично).

2. Kолачиња (Cookies)

Колачињата се мали текстуални датотеки кои се зачувуваат на вашиот уред (компјутер, мобилен уред) кога посетувате одреден веб-сајт. Тие му овозможуваат на Веб сајтот да функционира правилно.

Evo.mk користи само неопходни (технички) колачиња. Овие колачиња се од витално значење за основните функции на платформата Evo.mk и без нив не би можелo да работи (на пример: за одржување на вашата работна сесија).

2. Цел на обработка на податоците

Вашите податоци ги обработуваме за следниве цели: Овозможување на техничка функционалност, безбедност и стабилност на веб-страницата.
Статистичка анализа на посетеноста на магазинот со цел подобрување на нашите содржини.
Комуникација со вас доколку самите иницирате контакт со редакцијата.
Evo.mk и Здружението „Граѓански патеки“ Битола гарантираат дека вашите лични податоци нема да се продаваат, изнајмуваат или споделуваат со трети лица за маркетинг или други цели.

4. Линкови до трети веб-страници и социјални мрежи

Нашите содржини можат да содржат линкови до други веб-страници кои имаат свои сопствени политики на приватност, за кои evo.mk не сноси одговорност.
Важна напомена за социјалните мрежи: Редакцијата на evo.mk не сноси никаква одговорност за коментарите, реакциите и споделувањата на социјалните мрежи, кои се генерираат преку Facebook, Instagram, Twitter (X) и други социјални мрежи. За сите коментари и интеракции на социјалните мрежи важат исклучиво правилата, условите за користење и политиките на приватност на соодветната социјална мрежа. Секој корисник е лично одговорен за содржината што ја објавува во форма на коментар под нашите објави на овие платформи.

5. Заштита на авторските права (Copyright)

© Evo.mk. Сите права се задржани. Неовластеното репродуцирање и преземање содржини подлежи на мерки согласно Законот за авторското право и сродните права.

6. Вашите права како субјекти на лични податоци

Согласно Законот за заштита на личните податоци, вие ги имате следниве права во однос на вашите податоци:

  • Право да бидете информирани за тоа дали се обработуваат ваши лични податоци.
  • Право на пристап до вашите лични податоци со кои располагаме.
  • Право на исправка или дополнување на неточни или нецелосни податоци.
  • Право на бришење („право да бидете заборавени“) доколку се исполнети законските услови.
  • Право на ограничување на обработката.
  • Право на приговор против обработката на податоците.
  • За секое барање поврзано со заштита на лични податоци можете да се обратите до нашата редакција по електронска пошта.

7. Промени во Политиката на приватност

Evo.mk го задржува правото без најава да ја ажурира или менува оваа Политика на приватност во кое било време, со цел да ја усогласи со законските измени или со промените во техничките функционалности. Секоја промена ќе биде објавена на оваа страница, при што датумот на последната измена ќе биде јасно наведен.

Контакт податоци за прашања поврзани со приватноста:

Издавач: Здружение на граѓани Граѓански патеки Битола
Адреса: ул. Кланица 4/2, 7000 Битола, Р. Северна Македонија
Е-пошта: evo.mk.news@gmail.com / graganskipateki@gmail.com
Телефон: 075 397 732

Најнови вести

25 октомври 2026

Може ли македонскиот работник со 40-часовна работна недела да си дозволи нов стан?

25 октомври 2026

БК Ронин го освои шампионскиот пехар во Првата бокс лига, во младинската лига најдобар БК Пинк Пантер од Штип

25 октомври 2026

Турските гости се меѓу најчестите посетители на Македонија, Битола има посебно место на нивната туристичка агенда

25 октомври 2026

Од улична корпа до политичка легенда: Како еден мачор стана најпознатата атракција во Алјаска

24 октомври 2026

Под менторство на проф. д-р Виктор Камнар сложени операции за вградување вештачко колено во битолската болницата

24 октомври 2026

Еурофарм Пелистер го победи РК Младост во Битола

24 октомври 2026

Мечка излегла на коловоз, автомобил удри во неа на автопатот Скопје - Тетово

24 октомври 2026

Добиваме еден час повеќе за спиење: Ноќеска се поместуваат стрелките на часовникот – започнува зимското сметање на времето

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми