Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 25 ноември 2026, 00:56 ч.
Создавањето локални стручни кадри е една од најважните долгорочни инвестиции во иднината на Преспа, велат од Македонското еколошко друштво од каде соопштија дека четворица студенти од Преспа, кои своето образование го продолжуваат во областа на природните науки, се добитници на првите стипендии како дел од проектот „Иницијатива за зелена и сина Преспа – зајакнување на заштитата преку истражување, едукација и комуникација“, финансиран од Европската Унија.
„Покрај месечната финансиска поддршка од 400 евра, стипендистите ќе бидат вклучени и во нашата менторска програма, која ќе се спроведува во соработка со локалните заштитени подрачја: Паркот на природата „Езерани“, со кој управува Општина Ресен, потоа Националниот парк „Галичица“ и Националниот парк „Пелистер“. Преку оваа иницијатива, вложуваме во создавањето нови генерации стручни кадри кои со своето знаење и професионален развој ќе придонесат кон зајакнувањето на капацитетите за заштита на природата во Преспанскиот Регион.“-велат од МЕД.
Програмата за стипендирање ќе се спроведува до учебната 2028/2029 година, а заинтересираните матуранти и студенти од Преспа можат да ја посетат локалната канцеларија на МЕД во Ресен за повеќе информации поврзани со условите и начинот на аплицирање.
Првите добитници на стипендиите се Александар Димитриевски, Александар Филиповски и Виктор Малинчевски, студенти на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, како и Димитар Нечовски, студент на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ во Скопје, кој истакнува: „Преспа е едно од оние места каде што човек најдобро ја чувствува вредноста на природата - со богат растителен и животински свет, ендемични видови, разновидни живеалишта и уникатен екосистем. Ако не ја заштитиме, можеме да изгубиме ретки видови, природни живеалишта и дел од природното богатство што со векови ја прави Преспа посебна.“
Проектот „Иницијатива за зелена и сина Преспа - Зајакнување на заштитата преку истражување, едукација и комуникација“ е финансиран од Европската Унија (ЕУ) во рамки на програмата „ЕУ за Преспа“ и кофинансиран преку Фондот за природа „Преспа - Охрид“ (ПОНТ).
Партнери во имплементацијата на проектот се Македонско еколошко друштво, Општина Ресен, Националниот парк „Галичица“, Друштвото за заштита на Преспа (SPP) од Република Грција и Друштвото за заштита и зачувување на природната средина во Албанија (PPNEA) од Република Албанија.
Имплементацијата на проектните активности е поддржана од Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија и Националниот парк „Пелистер“.
Фотографии: Македонско еколошко друштво
25 ноември 2026
25 ноември 2026
25 ноември 2026
25 ноември 2026
24 ноември 2026
24 ноември 2026
24 ноември 2026
24 ноември 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025