Актуелно: Првиот ноемвриски снег во Крушево    •   Зошто Nvidia не можеше без својот основач   •   Путин ја предупреди Европа: Ќе имате помалку руски гас и нафта, но повеќе проблеми   •   Кои се четирите момчиња од Преспа кои ќе се борат за нејзин спас и зачувување на уникатниот екосистем на езерото   •   Момче од Битола донирало храна за да ги спаси од глад кучињата од Animal Voice - На помош и хумана компанија, но храна нема за долго   •   Ја погледнавте ли СУПЕРМЕСЕЧИНАТА над Македонија - 14 отсто е поголема и 30 отсто посјајна од вообичаено    •   Во Битола вечерва се слави голем спортски успех - Триумф на Еурофарм Пелистер над Вибжеже во Европската лига   •   Малолетници од Ресен осомничени дека предизвикале пожар во напуштен објект - едниот дури и го снимал пожарот   

Локално

Планината е магична, но и опасна во зима - Искусни планинари ќе ги подучуваат битолчани како безбедно да планинарат

Објавено: 10 ноември 2026, 12:20 ч.

Планината е магична, но и опасна во зима - Искусни планинари ќе ги подучуваат битолчани како безбедно да планинарат

Зимскиот период носи посебна магија и неповторливи пејзажи на планините, но снегот, мразот, силниот ветар и краткиот ден истовремено бараат поголемо знаење, темелна подготовка и одговорно носење одлуки на терен.

Со цел подигнување на свеста и едукација на сите планински ентузијасти, Федерацијата за планинарство на Северна Македонија (ФПСМ) организира стручно предавање на тема „Безбедно движење на планина во зимски услови“.

Настанот ќе се одржи во Офицерскиот дом во Битола, во среда, на 11 ноември 2026 година, со почеток во 19:00 часот.

Предавачи на ова важно предавање се искусните планинари Петар Нолев и Бобан Блажевски, кои пред присутните ќе ги презентираат клучните аспекти за одговорно и безбедно планинарење во текот на зимските месеци:

Подготовка и планирање: Правилно планирање на акцијата и континуирано следење на промените на временските услови;

Соодветна облека и техничка опрема: Правилна употреба на цепин, дерези и јаже во зимски амбиент;

Техники на движење: Правилно и безбедно движење по подлоги од снег и мраз;

Проценка на ризик: Правовремено препознавање на опасностите на теренот и донесување одлука за навремено враќање кога условите не се добри.

„Планината не нѐ прашува колку сме искусни, туку колку сме подготвени. Безбедноста почнува уште дома – со знаење, добра опрема и одговорност кон себе и кон останатите во групата“, порачуваат организаторите.

Предавањето е од отворен карактер и е наменето за сите љубители на природата и планините – од почетници кои допрва навлегуваат во зимските авантури, па сѐ до искусни планинари кои сакаат да ги утврдат и надградат своите познавања. Настанот се организира со поддршка на Општина Битола и Културно-информативниот центар (КИЦ) – Битола.

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 ноември 2026

Првиот ноемвриски снег во Крушево

25 ноември 2026

Зошто Nvidia не можеше без својот основач

25 ноември 2026

Путин ја предупреди Европа: Ќе имате помалку руски гас и нафта, но повеќе проблеми

25 ноември 2026

Кои се четирите момчиња од Преспа кои ќе се борат за нејзин спас и зачувување на уникатниот екосистем на езерото

24 ноември 2026

Момче од Битола донирало храна за да ги спаси од глад кучињата од Animal Voice - На помош и хумана компанија, но храна нема за долго

24 ноември 2026

Ја погледнавте ли СУПЕРМЕСЕЧИНАТА над Македонија - 14 отсто е поголема и 30 отсто посјајна од вообичаено

24 ноември 2026

Во Битола вечерва се слави голем спортски успех - Триумф на Еурофарм Пелистер над Вибжеже во Европската лига

24 ноември 2026

Малолетници од Ресен осомничени дека предизвикале пожар во напуштен објект - едниот дури и го снимал пожарот