Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 10 ноември 2026, 11:30 ч.
Промовиран универзитетскиот учебник „Неологизмите во македонскиот стандарден јазик“ од проф. д-р Виолета Јанушева и м-р Елизабета Јончиќ
На Педагошкиот факултет во Битола беше промовиран универзитетскиот учебник „Неологизмите во македонскиот стандарден јазик“, од авторките проф. д-р Виолета Јанушева и м-р Елизабета Јончиќ.
Учебникот претставува значаен придонес во проучувањето на современиот македонски стандарден јазик, со посебен акцент на неологизмите, нивното настанување, употреба и нивното место во јазичниот систем. Ова издание отвора простор за продлабочено изучување на лексичките промени и на динамиката на јазичниот развој, што е особено значајно во услови на постојани општествени, научни и технолошки промени.
За научната и стручната вредност на учебникот свој критички осврт дадоа и неговите рецензенти, проф. д-р Људмил Спасов од Филолошкиот факултет во Скопје и проф. д-р Ранко Младеноски од Филолошкиот факултет во Штип, кои го истакнаа неговото значење и придонесот во наставната и научната дејност.
На настанот присуствуваа деканката на Педагошкиот факултет во Битола, вработените во факултетот, како и други поддржувачи на научната мисла, кои со своето присуство ја збогатија промоцијата.
Промоцијата претставува можност за афирмација на научноистражувачката и издавачката дејност, но и потврда на значењето на континуираното проучување, негување и унапредување на македонскиот стандарден јазик.
Со објавувањето на овој учебник, авторките даваат значаен придонес кон збогатувањето на универзитетската литература и кон продлабочувањето на знаењата за современите јазични процеси.
А.Ш.
25 ноември 2026
25 ноември 2026
25 ноември 2026
25 ноември 2026
24 ноември 2026
24 ноември 2026
24 ноември 2026
24 ноември 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025