Актуелно: Првиот ноемвриски снег во Крушево    •   Зошто Nvidia не можеше без својот основач   •   Путин ја предупреди Европа: Ќе имате помалку руски гас и нафта, но повеќе проблеми   •   Кои се четирите момчиња од Преспа кои ќе се борат за нејзин спас и зачувување на уникатниот екосистем на езерото   •   Момче од Битола донирало храна за да ги спаси од глад кучињата од Animal Voice - На помош и хумана компанија, но храна нема за долго   •   Ја погледнавте ли СУПЕРМЕСЕЧИНАТА над Македонија - 14 отсто е поголема и 30 отсто посјајна од вообичаено    •   Во Битола вечерва се слави голем спортски успех - Триумф на Еурофарм Пелистер над Вибжеже во Европската лига   •   Малолетници од Ресен осомничени дека предизвикале пожар во напуштен објект - едниот дури и го снимал пожарот   

Спорт

Битолчанецот Усни Исмаили кој играше за Пелистер, сега за првпат во А репрезентацијата на Албанија

Објавено: 9 ноември 2026, 22:01 ч.

Битолчанецот Усни Исмаили кој играше за Пелистер, сега за првпат во А репрезентацијата на Албанија

Поранешниот дефанзивец на ФК Пелистер и роден битолчанец, Усни Исмаили, го оствари најголемиот успех во досегашната кариера откако доби официјален повик за сениорската А репрезентација на Албанија за претстојните одлучувачки натпревари во Лигата на нации.

Оваа вест предизвика голем одек во албанските спортски медиуми, кои го истакнуваат 24-годишниот десен бек на Динамо Сити како главно изненадување и свежина во националниот состав.

Водечките спортски портали и медиуми во Албанија со голем интерес пишуваат за Исмаили:

Albeu.com во својот извештај за составот напиша дека ова е награда за неговите стабилни игри во дефанзивата на Динамо Сити.

Спортскиот портал Zhurma Press посочува дека битолчанецот е најголемата новина на списокот за ноемвриските дуели против Финска и Белорусија.

Националниот сервис RTSH (Radio Televizioni Shqiptar) во својот спортски преглед анализира:

„Исмаили го потврди својот потенцијал со конзистентните настапи во домашниот шампионат и европските квалификации, што го направи природен избор за пополнување на десната бековска позиција во националниот тим.“

Исмаили ги мина сите младински категории на Албанија (У17, У18, У20 и У21), а по почетоците во родната Битола и настапите за Пелистер, Воска и Караорман, преку албанска Вора стигна до Динамо Сити, каде што се промовираше во еден од најдобрите дефанзивци во Суперлигата на Албанија.

 П.Н.
   

Најнови вести

25 ноември 2026

Првиот ноемвриски снег во Крушево

25 ноември 2026

Зошто Nvidia не можеше без својот основач

25 ноември 2026

Путин ја предупреди Европа: Ќе имате помалку руски гас и нафта, но повеќе проблеми

25 ноември 2026

Кои се четирите момчиња од Преспа кои ќе се борат за нејзин спас и зачувување на уникатниот екосистем на езерото

24 ноември 2026

Момче од Битола донирало храна за да ги спаси од глад кучињата од Animal Voice - На помош и хумана компанија, но храна нема за долго

24 ноември 2026

Ја погледнавте ли СУПЕРМЕСЕЧИНАТА над Македонија - 14 отсто е поголема и 30 отсто посјајна од вообичаено

24 ноември 2026

Во Битола вечерва се слави голем спортски успех - Триумф на Еурофарм Пелистер над Вибжеже во Европската лига

24 ноември 2026

Малолетници од Ресен осомничени дека предизвикале пожар во напуштен објект - едниот дури и го снимал пожарот