Пелагонија во фокусот
Свет
Објавено: 10 ноември 2026, 02:00 ч.
НАСА веќе со години ја спроведува популарната иницијатива „Send Your Name“ за своите големи мисии (како што беше за роверот Perseverance на Марс и сондата Europa Clipper), а сега истата можност е отворена и за мисијата „Dragonfly“ (Драгонфлај) која ќе лета на Сатурновата месечина Титан.
Името на нашиот медиум на „Драгонфлај“ на НАСА
Порталот Evo.mk го испрати своето име до Титан со вселенското летало Драгонфлај на НАСА. Со ова нашиот медиум Evo.mk се приклучи на една од највозбудливите научни мисии во историјата на истражувањето на вселената. Со успешно завршената пријава преку официјалната платформа на НАСА, името на нашиот медиум симболично се запиша на листата на патници кои со вселенското летало „Драгонфлај“ (Dragonfly) ќе “патуваат“ кон Сатурновата месечина – Титан.
Мисијата „Драгонфлај“, која НАСА ја планира за лансирање во 2028 година, претставува револуционерен чекор во науката. Леталото со големина на теренско возило во 2034 година треба да пристигне на Титан – свет оддалечен околу 1,6 милијарди километри, кој со својата густа атмосфера, реки, езера од течен метан и пејзажи богати со органски материјал неверојатно многу потсетува на раната Земја. Леталото ќе користи специјални ротори за да лета од локација до локација и да истражува услови кои би можеле да дадат одговори за потеклото на животот.
Сите имиња собрани преку оваа светска акција ќе бидат врежани на специјален микрочип кој физички ќе патува вграден во самото летало.
Сакате ли и вашето име да патува до Титан?
Еве како можете да се пријавите:
НАСА ја отвори оваа кампања за јавноста така што секој поединец може бесплатно да се пријави и да добие своја персонализирана дигитална бординг-картичка (Boarding Pass).
Чекори за пријава:
Посетете ја официјалната страница на НАСА за мисијата на следниот линк: https://my.nasa.gov/specialevents/s/send-your-name-with-dragonfly
Кликнете на опцијата за додавање на името на патната листа (Add your name).
Внесете ги вашите основни податоци: име, презиме и е-пошта.
Веднаш по потврдата, системот ќе ви генерира персонализирана дигитална картичка за патување со податоци за мисијата, која можете да ја зачувате како оригинален сувенир.
Крајниот рок за испраќање на имињата е 15 јануари 2027 година.
Бидете и вие дел од овој неверојатен космички потфат и испратете го вашето име на пат кон далечниот свет на Титан!
А.Ш.
25 ноември 2026
25 ноември 2026
25 ноември 2026
25 ноември 2026
24 ноември 2026
24 ноември 2026
24 ноември 2026
24 ноември 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025