Актуелно: Првиот ноемвриски снег во Крушево    •   Зошто Nvidia не можеше без својот основач   •   Путин ја предупреди Европа: Ќе имате помалку руски гас и нафта, но повеќе проблеми   •   Кои се четирите момчиња од Преспа кои ќе се борат за нејзин спас и зачувување на уникатниот екосистем на езерото   •   Момче од Битола донирало храна за да ги спаси од глад кучињата од Animal Voice - На помош и хумана компанија, но храна нема за долго   •   Ја погледнавте ли СУПЕРМЕСЕЧИНАТА над Македонија - 14 отсто е поголема и 30 отсто посјајна од вообичаено    •   Во Битола вечерва се слави голем спортски успех - Триумф на Еурофарм Пелистер над Вибжеже во Европската лига   •   Малолетници од Ресен осомничени дека предизвикале пожар во напуштен објект - едниот дури и го снимал пожарот   

Технологија

Вештачката интелигенција ја голта струјата: Норвешка ги става комерцијалните дата-центри „на чекање“

Објавено: 10 ноември 2026, 02:26 ч.

Вештачката интелигенција ја голта струјата: Норвешка ги става комерцијалните дата-центри „на чекање“

Огромната експанзија на капацитетите за податочни центри и развојот на вештачката интелигенција наметна сериозни предизвици за енергетската мрежа во Европа. Поради енормниот скок во потрошувачката на струја, властите во Норвешка донесоа одлука привремено да го стопираат одобрувањето нови барања за приклучување на вакви објекти.

Одлуката ја спроведува норвешкиот мрежен оператор „Статнет“, додека владата работи на нов регулаторен систем за издавање дозволи. Иако земјата во моментот располага со вишоци на електрична енергија, масовната изградба на инфраструктура за податоци може да го надмине капацитетот на системот и директно да предизвика поскапување на струјата за граѓаните и индустријата.

Норвешките власти појаснуваат дека не се работи за тотална забрана, туку за воведување редослед на приоритети.

Предност за струја и земјиште ќе добијат објектите од витално значење – одбраната, безбедносните служби, здравствениот систем, критичната инфраструктура и телекомуникациите.

Пристапот до мрежата ќе им биде значајно ограничен на глобалните компании кои изнајмуваат компјутерска моќ, како и на операторите за копање криптовалути.

Драматичноста на ситуацијата ја потврди и министерот за енергетика Терје Осланд, кој истакна дека барањата за нови приклучоци достигнале дури 26.000 мегавати – сума која ги надминува вкупните капацитети за производство на струја во Норвешка. Речиси три четвртини од овие барања доаѓаат токму од секторот за податоци.

Затоа, Владата планира да ги задолжи новите инвеститори самите да ги покриваат трошоците за проширување на мрежата, а како услов може да им биде побарано и изградба на сопствени еколошки гасни централи.

Овој тренд се шири низ цела Европа. Португалија веќе најавува регулатива со која дата-центри ќе мора да користат исклучиво обновлива енергија и системи за ладење без питка вода. Финска отвори истраги и ги стопираше подготвителните работи на одредени локации за идниот центар на „Гугл“ поради загрозување на животната средина.

Предизвикот е глобален – истражувањата покажуваат дека еден голем дата-центар може да потроши до 20 милиони литри вода дневно, поради што граѓаните ширум светот се сè погласни во противењето вакви дигитални гиганти да се градат во нивна непосредна близина.

Фотографија: Unsplash

 А.Ш.
   

Најнови вести

25 ноември 2026

Првиот ноемвриски снег во Крушево

25 ноември 2026

Зошто Nvidia не можеше без својот основач

25 ноември 2026

Путин ја предупреди Европа: Ќе имате помалку руски гас и нафта, но повеќе проблеми

25 ноември 2026

Кои се четирите момчиња од Преспа кои ќе се борат за нејзин спас и зачувување на уникатниот екосистем на езерото

24 ноември 2026

Момче од Битола донирало храна за да ги спаси од глад кучињата од Animal Voice - На помош и хумана компанија, но храна нема за долго

24 ноември 2026

Ја погледнавте ли СУПЕРМЕСЕЧИНАТА над Македонија - 14 отсто е поголема и 30 отсто посјајна од вообичаено

24 ноември 2026

Во Битола вечерва се слави голем спортски успех - Триумф на Еурофарм Пелистер над Вибжеже во Европската лига

24 ноември 2026

Малолетници од Ресен осомничени дека предизвикале пожар во напуштен објект - едниот дури и го снимал пожарот