Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 27 октомври 2026, 22:43 ч.
Во рамки на проектот „Иницијатива за зелена и сина Преспа – зајакнување на заштитата преку истражување, едукација и комуникација“, Општина Ресен реализира значајна набавка на ново теренско возило ISUZU D-Max 4x4 M/T 1.9 TD. Оваа инвестиција е насочена кон значително зајакнување на техничките капацитети и оперативната подготвеност на ренџерската служба на терен.
Како што истакнува градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски, новото возило претставува клучен чекор во подобрувањето на заштитата на природното богатство во регионот.
Подобрена пристапност и брза реакција во кризни ситуации
Со сигурниот погон на сите четири тркала (4x4), ренџерите добиваат можност за безбедно движење и пристап до најоддалечените и непроодни предели каде што стандардните возила не можат да интервенираат – вклучувајќи длабок снег, тешка кал и карпести планински патеки.
Особено значајна карактеристика на новото возило е неговиот товарен простор, кој е дизајниран да носи специјални модуларни системи за гаснење пожари, опремени со резервоар од 300 до 500 литри и пумпа со висок притисок. Оваа можност овозможува брза, навремена и ефикасна првична интервенција при појава на шумски пожари, со што се спречува нивното ширење во раната фаза.
Дополнително, товарниот простор овозможува лесен и сигурен транспорт на тешка опрема, моторни пили за расчистување на патиштата, алат, како и транспорт на средства запленети во рамки на акциите против илегални активности (како што се незаконска сеч на дрва, илегални мрежи и алати за ловокрадство).
А.Ш.
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
3 ноември 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025