Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 4 ноември 2026, 12:23 ч.
Авионската компанија „Флајдубаи“ (flydubai) од 1 април 2027 година повторно ќе ги воспостави летовите меѓу Меѓународниот аеродром во Дубаи и Меѓународниот аеродром Скопје.
Преку партнерството со „Емирати“, патниците од Скопје ќе можат да продолжат кон бројни дестинации во Австралија и Азија, меѓу кои Шангај и Сингапур.
Линијата е особено важна и за Македонците кои живеат во Австралија бидејќи ќе им овозможи полесна врска со татковината.
Предвидени се ти лета неделно - понеделник, четврток и сабота.
Почетната цена на повратен билет од Скопје до Дубаи во економска класа ќе изнесува 580 евра, додека билетите во бизнис-класа ќе започнуваат од 3.000 евра.
Авиолинијата ќе овозможи полесно движење за голем број Македонци кои работат и живеат во Дубаи, но и за посетителите од Дубаи кои покажуваат се поголем туристички интерес за Македонија, особено за Охрид.
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
3 ноември 2026
3 ноември 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025