Актуелно: Во чест на Битола Оливер Јосифовски, Исмаил Љумановски, Алек Секуловски и Давор Јордановски ги здружија уметничките светови   •   Многу љубов, но и секојдневна битка за преживување во шелтерот за повредени и запуштени животни Animal Voice во Битола   •   Вечерва во Битола доделени четвртоноемвриските награди - награда за животно дело за Соња Михајлова   •   Што е најголемото богатство на Битола открива документарен филм низ очите на млади битолчани   •   Зелени оази во Пелагонија - Награди од 10 до 30 илјади денари за најдобро уредените дворови во Новаци   •   Битола го дочекува роденденот облечена во најубавите есенски бои   •   Филмот во кој има и битолски актери - „Сестра, брат и шахта“ на Манчевски победи на фестивалот во Токио   •   Македонските патници повторно ќе можат директно да летаат од Скопје до Дубаи - полесна врска со Австралија и Азија   

Култура

Филмот во кој има и битолски актери - „Сестра, брат и шахта“ на Манчевски победи на фестивалот во Токио

Објавено: 4 ноември 2026, 13:03 ч.

Филмот во кој има и битолски актери - „Сестра, брат и шахта“ на Манчевски победи на фестивалот во Токио

„Сестра, брат и шахта“, најновиот филм на Милчо Манчевски победи на Филмскиот фестивал во Токио, фестивал од А-категорија. Филмот ја освои главната награда на фестивалот, „Токио Гран при“ (Tokyo Grand Prix).

Ова е првпат македонски филм да победи на фестивал од А-категорија после „Пред дождот“ на Манчевски во Венеција во 1994, соопшти Манчевски.

„За беспрекорното спојување на хуморот, трагедијата и драмата, за човечноста и сочувството што ги покажува кон своите ликови, за сложениот, но кохерентен филм, кој истовремено успева да биде трогателен и разигран, големата награда на Токио – Наградата на гувернерот на Токио за најдобар филм – му се доделува на „Сестра, брат и шахта“.-рече Претседателот на жирито, режисерот Ролф де Хер, при доделувањето на наградата.

Дел од филмската екипа се и битолски актери, односно главните улоги ги играат: Сара Климоска, Филип Трајковиќ, Соња Михајлова, Петар Мирчевски, Јордан Симонов, Дејан Лилиќ, Јасмина Василева и Стефан Николовски, како и Ана Костовска, Иван Ѓошевски, Виктор Арсов, Марина Поп Панкова, Александар Степанулески и Марин Гавриловски.

 К.Н.
   

Најнови вести

5 ноември 2026

Во чест на Битола Оливер Јосифовски, Исмаил Љумановски, Алек Секуловски и Давор Јордановски ги здружија уметничките светови

5 ноември 2026

Многу љубов, но и секојдневна битка за преживување во шелтерот за повредени и запуштени животни Animal Voice во Битола

4 ноември 2026

Вечерва во Битола доделени четвртоноемвриските награди - награда за животно дело за Соња Михајлова

4 ноември 2026

Што е најголемото богатство на Битола открива документарен филм низ очите на млади битолчани

4 ноември 2026

Зелени оази во Пелагонија - Награди од 10 до 30 илјади денари за најдобро уредените дворови во Новаци

4 ноември 2026

Битола го дочекува роденденот облечена во најубавите есенски бои

4 ноември 2026

Филмот во кој има и битолски актери - „Сестра, брат и шахта“ на Манчевски победи на фестивалот во Токио

4 ноември 2026

Македонските патници повторно ќе можат директно да летаат од Скопје до Дубаи - полесна врска со Австралија и Азија

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми