Актуелно: Во чест на Битола Оливер Јосифовски, Исмаил Љумановски, Алек Секуловски и Давор Јордановски ги здружија уметничките светови   •   Многу љубов, но и секојдневна битка за преживување во шелтерот за повредени и запуштени животни Animal Voice во Битола   •   Вечерва во Битола доделени четвртоноемвриските награди - награда за животно дело за Соња Михајлова   •   Што е најголемото богатство на Битола открива документарен филм низ очите на млади битолчани   •   Зелени оази во Пелагонија - Награди од 10 до 30 илјади денари за најдобро уредените дворови во Новаци   •   Битола го дочекува роденденот облечена во најубавите есенски бои   •   Филмот во кој има и битолски актери - „Сестра, брат и шахта“ на Манчевски победи на фестивалот во Токио   •   Македонските патници повторно ќе можат директно да летаат од Скопје до Дубаи - полесна врска со Австралија и Азија   

Култура

Во чест на Битола Оливер Јосифовски, Исмаил Љумановски, Алек Секуловски и Давор Јордановски ги здружија уметничките светови

Објавено: 5 ноември 2026, 12:50 ч.

Во чест на Битола Оливер Јосифовски, Исмаил Љумановски, Алек Секуловски и Давор Јордановски ги здружија уметничките светови

По доделувањето на четвртоноемвриските награди на свечената академија, синоќа публиката во Битола во продолжение имаше можност да го проследи музичко-сценскиот перформанс „Полноќни приказни во Офицерската палата“.

Градот живее и во спомените што ги носиме со себе. Во некоја мелодија, во нечие писмо, во средба што времето не успеало да ја избледи. Во приказните што патувале далеку, а секогаш ѝ се враќале на Битола.

Тие приказни добиваат свој звук, слика и сценски живот. Музичко патување во кое минатото се среќава со современоста, а радоста, тагата и копнежот стануваат бои на едно заедничко доживување.

Четворица врвни музичари – Оливер Јосифовски, Исмаил Љумановски, Алек Секуловски и Давор Јордановски – ги здружија своите уметнички светови во „The Colors of M“.

Секој со свој музички израз, заедно создадоа простор во кој вековите разговараат, старите звуци добиваат нов живот, а современата музика ги открива своите корени.

Низ спојот на музиката и визуелниот израз, „Полноќни приказни во Офицерската палата“ нè повикува да ја почувствуваме Битола низ времето – нејзината нежност и сила, нејзините разделби и средби, нејзината способност секогаш одново да инспирира.

Фотографии: Општина Битола

 
   

Најнови вести

5 ноември 2026

Во чест на Битола Оливер Јосифовски, Исмаил Љумановски, Алек Секуловски и Давор Јордановски ги здружија уметничките светови

5 ноември 2026

Многу љубов, но и секојдневна битка за преживување во шелтерот за повредени и запуштени животни Animal Voice во Битола

4 ноември 2026

Вечерва во Битола доделени четвртоноемвриските награди - награда за животно дело за Соња Михајлова

4 ноември 2026

Што е најголемото богатство на Битола открива документарен филм низ очите на млади битолчани

4 ноември 2026

Зелени оази во Пелагонија - Награди од 10 до 30 илјади денари за најдобро уредените дворови во Новаци

4 ноември 2026

Битола го дочекува роденденот облечена во најубавите есенски бои

4 ноември 2026

Филмот во кој има и битолски актери - „Сестра, брат и шахта“ на Манчевски победи на фестивалот во Токио

4 ноември 2026

Македонските патници повторно ќе можат директно да летаат од Скопје до Дубаи - полесна врска со Австралија и Азија

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми