Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 5 ноември 2026, 10:30 ч.
Во Битола, зад портата на засолништето „Animal Voice“, секој ден започнува со десетици мавтања со опашки, љубопитни погледи и испружени шепи на кучињата кои се тука засолнети. За нив се грижи младиот Леонардо Соколов за кој Ево.мк веќе пишуваше – момче кое на своите плеќи носи одговорност за повеќе од 70 спасени кучиња, подарувајќи им љубов и втора шанса за живот на оние кои општеството најчесто ги заборавило.
Многу љубов, но и секојдневна битка за преживување
Но, зад секојдневието исполнето со љубов, се крие и сурова битка за преживување. Работата која Леонардо секојдневно ја врши – чистење на боксовите, подготвување оброци, давање терапија и ветеринарна грижа – бара непрекинат физички напор, но и финансиски средства.
„Минатиот месец благодарение на огромна поддршка успеавме да покриеме огромен дел од нашиот долг за Септември и Октомври и ни останаа уште 320€ кои мора да ги исплатиме. Огромна поддршка имавме и од локалното население со сува храна и леб, и една прекрасна девојка која ни овозможи секоја недела да добиваме по 100 леба за кучињата. Благодарение на целата поддршка успеваме да го крепиме шелтерот и да продолжиме со работа. Успеавме да го истуркаме минатиот месец, кучињата да добиваат мешани и богати оброци. Веќе е трет ден од овој месец и сме во долгови, имаме 320€ за минатиот месец и 240€ долг за овие три дена. Кучињата имаат потреба од медицинска храна, некои од нив зависат од таа исхрана и мора да се на истата, другите пак не можат да преживуваат на леб, но можеме да го комбинираме со конзерви и сува храна. Ве замолуваме сите кои сте во можност да донирате. Може да оставите храна било каде низ Битола а ние ќе ја подигнеме.“-со овие зборови се обрати деновиве Леонародо преку официјалниот профил на шелтерот.
Секоја донација, без разлика на износот, ни помага да обезбедиме храна, ветеринарна грижа и безбедно место за нашите спасени животни. Ви благодариме што ја поддржувате нашата мисија!-вели Леонардо, споделувајќи ги начините за донација:
Поддршка од Македонија
Донирајте храна за кучиња - Доколку сте од Македонија, можете да ни помогнете со донирање храна во некој пет-шоп во Битола или да ни испратите храна директно на нашата адреса. Испратете ни порака и ќе ви ги дадеме потребните информации за достава.
Донирајте на ветеринар
Доколку сте од Битола и сакате да донирате за специфична операција на некое од нашите животни или за ветеринарниот долг, можете да донирате директно кај Др. Владимир
Трансакциска сметка:
ТТК Банка АД Скопје
Сметка: 290500014108967
Примач: Леонардо Соколов
Ве молиме задолжително наведете за што донирате во описот на уплатата, нагласува тој.
Поддршка од странство
PayPal:
animalvoice08@gmail.com
PayPal сметката е регистрирана на името Lynn. Ве молиме наведете забелешка (mention) при донацијата и изберете ја опцијата Friends & Family за да се избегнат дополнителни провизии, појаснува.
Patreon (месечни донации):
https://www.patreon.com/animalvoice
Ви благодариме што ни помагате да им дадеме втора шанса на спасените животни, вели Леонардо.
Нов видео надзор во шелтерот
Паралелно со апелите тој не запира и со секојдневни активности во шелтерот. Деновиве се работеше на поставување осветлување и видео надзор.
„Благодарение на Трус, една од гостинките кои ги имавме, бев во можност да купам два нови рефлектори за во шелтерот. Минатата недела ги инсталиравме и сега поголем дел од шелтерот е осветлен и работата е олеснета во ноќните часови. Двата моќни рефлектори ја осветлуваат внатрешноста и надворешноста на бутката која ја имаме поставено таму, а служи како дом за дел од кучињата и “магацин”. Потребни ни се уште неколку рефлектори за да го осветлиме целиот простор кој е неопходно да има светло, но се во свое време. Благодарение на нашиот партнер Stichting Jennas Gift бев во можност да набавам и наместам камера која 24/7 го снима шелтерот, сега оние кои сакаат да наштетат и се приближат во шелтерот ќе бидат забележани, исто и оние кои фрлаат легла и кучиња во шелтерот. Активно работиме да го покриеме шелтерот целосно со видео надзор и осветлување.“-вели Леонардо.
Како што веќе Ево пишуваше деновиве во дводневна посета на шелтерот престојуваа активистите Трус и Клаудија од организацијата „Stichting Jennas Gift“ од Холандија и Романија.
За време на нивниот престој, волонтерите од странство активно се вклучија во сите секојдневни обврски околу животните. Тие поминаа два дена во шелтерот чистејќи ги боксовите и садовите за храна, подготвувајќи оброци и учествувајќи во давањето терапија за кучињата.
А.Ш.
5 ноември 2026
5 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025