Актуелно: Во чест на Битола Оливер Јосифовски, Исмаил Љумановски, Алек Секуловски и Давор Јордановски ги здружија уметничките светови   •   Многу љубов, но и секојдневна битка за преживување во шелтерот за повредени и запуштени животни Animal Voice во Битола   •   Вечерва во Битола доделени четвртоноемвриските награди - награда за животно дело за Соња Михајлова   •   Што е најголемото богатство на Битола открива документарен филм низ очите на млади битолчани   •   Зелени оази во Пелагонија - Награди од 10 до 30 илјади денари за најдобро уредените дворови во Новаци   •   Битола го дочекува роденденот облечена во најубавите есенски бои   •   Филмот во кој има и битолски актери - „Сестра, брат и шахта“ на Манчевски победи на фестивалот во Токио   •   Македонските патници повторно ќе можат директно да летаат од Скопје до Дубаи - полесна врска со Австралија и Азија   

Македонија

Од утре започнува исплатата на готовина за граѓаните без платежни картички во „АЛТА банка“ Битола

Објавено: 4 ноември 2026, 11:31 ч.

Од утре започнува исплатата на готовина за граѓаните без платежни картички во „АЛТА банка“ Битола

Народната банка соопшти дека од четврток, 5 ноември 2026 година, започнува исплатата на готовински средства за граѓаните кои имаат платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, но не поседуваат платежни картички. Исплатата ќе се врши на шалтерите во главната филијала на банката во Битола, при што граѓаните ќе можат да подигнат најмногу 20.000 денари во период од две недели.

За исплатата ќе бидат отворени повеќе шалтери во главната филијала на банката, на улицата „Добривое Радосављевиќ“ бр. 21 во Битола.

Исплатата ќе се врши во текот на повеќе денови според распоред, за кој граѓаните ќе бидат известени преку СМС-порака, со наведување на денот и часот кога треба да дојдат во филијалата“, соопштија од Народна банка.

Клиентите ќе добијат СМС-порака со денот и часот кога треба да дојдат. Од Народната банка апелираат да се почитуваат термините и да не се доаѓа порано или во денови кога лицето не е повикано, за да се избегнат гужви и долго чекање.

За граѓаните што нема да можат да пристигнат во определениот термин ќе бидат обезбедени дополнителни термини. Од 6 ноември, вклучително и во сабота, 7 ноември, филијалата ќе работи во две смени.

Шалтерите ќе служат исклучиво за подигање готовина, без извршување други трансакции.

 Редакција
   

Најнови вести

5 ноември 2026

Во чест на Битола Оливер Јосифовски, Исмаил Љумановски, Алек Секуловски и Давор Јордановски ги здружија уметничките светови

5 ноември 2026

Многу љубов, но и секојдневна битка за преживување во шелтерот за повредени и запуштени животни Animal Voice во Битола

4 ноември 2026

Вечерва во Битола доделени четвртоноемвриските награди - награда за животно дело за Соња Михајлова

4 ноември 2026

Што е најголемото богатство на Битола открива документарен филм низ очите на млади битолчани

4 ноември 2026

Зелени оази во Пелагонија - Награди од 10 до 30 илјади денари за најдобро уредените дворови во Новаци

4 ноември 2026

Битола го дочекува роденденот облечена во најубавите есенски бои

4 ноември 2026

Филмот во кој има и битолски актери - „Сестра, брат и шахта“ на Манчевски победи на фестивалот во Токио

4 ноември 2026

Македонските патници повторно ќе можат директно да летаат од Скопје до Дубаи - полесна врска со Австралија и Азија

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми