Актуелно: Зелени оази во Пелагонија - Награди од 10 до 30 илјади денари за најдобро уредените дворови во Новаци   •   Битола го дочекува роденденот облечена во најубавите есенски бои   •   Филмот во кој има и битолски актери - „Сестра, брат и шахта“ на Манчевски победи на фестивалот во Токио   •   Македонските патници повторно ќе можат директно да летаат од Скопје до Дубаи - полесна врска со Австралија и Азија   •   Од утре започнува исплатата на готовина за граѓаните без платежни картички во „АЛТА банка“ Битола   •   Донка станува суперхероина: Борче Стаменов започна да пишува книга за „Донирај компјутер“   •   Шалтери во Битола, Скопје и Струмица ќе се отворат за корисниците на социјална помош за подигање средства од Алта Банка    •   Свечено отворени Музичка соба, Градска и Соба посветена на Офицерскиот дом посветени на проф.др Стерјовски   

Локално

Свечено отворени Музичка соба, Градска и Соба посветена на Офицерскиот дом посветени на проф.др Стерјовски

Објавено: 3 ноември 2026, 19:52 ч.

Свечено отворени Музичка соба, Градска и Соба посветена на Офицерскиот дом посветени на проф.др Стерјовски

Во рамките на четвртоноемвриската програма на Општина Битола и Културниот и информативен центар насловена „Сите бои на сеќавањето", Битола од вечерва добива три соби на својата меморија во чест на проф.д-р Александар Стерјовски.

Се работи за Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом.

Трите соби отвораат три тематски погледи кон Битола. Музичката соба е посветена на музичкиот живот на градот, Градската соба на неговата историја, а третата на минатото на самиот Офицерски дом. Заедно, тие создаваат повод посетителите повторно да се заинтересираат за средината во која живеат, за нејзините културни навики и за местата покрај кои секојдневно поминуваат.

На свеченоста присуствуваше градоначалникот на Битола Тони Коњановски, претседателот на Советот Бојан Бојкоски, секретарот на Општина Битола Борче Димитровски, советници, гости од збратимените градови и граѓани на Битола.

Пред присутните се обратија директорот на КИЦ Димитар Михајловски и градоначалникот на Битола.

„Еден град се памети и по начинот на кој живеел. По музиката што се слушала во неговите салони, по луѓето што ги исполнувале улиците, по зградите во кои се среќавале различни генерации. За многу од тие страници на битолскиот живот денес можеме да навлеземе подлабоко, благодарение на професорот Александар Стерјовски, кој со децении ја истражуваше, запишуваше и толкуваше историјата на својот роден град. Во пресрет на празникот, отворањето на овие простори го насочува вниманието кон културната меморија и кон луѓето чија работа овозможила таа да остане достапна за следните генерации“ рече во своеото обраќање градоначачалникот на Битола Тони Коњановски.

Отворањето на трите спомен соби е признание за таа посветеност и можност неговото дело да добие нова публика, но и дополнителни насоки во денешнината, во рамките на одбележувањето на 4 Ноември, Битола се навраќа на сопственото минато со поглед кон оние што допрва ќе го откриваат, информираат од општина Битола.

Фотографии: Општина Битола

 
   

Најнови вести

4 ноември 2026

Зелени оази во Пелагонија - Награди од 10 до 30 илјади денари за најдобро уредените дворови во Новаци

4 ноември 2026

Битола го дочекува роденденот облечена во најубавите есенски бои

4 ноември 2026

Филмот во кој има и битолски актери - „Сестра, брат и шахта“ на Манчевски победи на фестивалот во Токио

4 ноември 2026

Македонските патници повторно ќе можат директно да летаат од Скопје до Дубаи - полесна врска со Австралија и Азија

4 ноември 2026

Од утре започнува исплатата на готовина за граѓаните без платежни картички во „АЛТА банка“ Битола

4 ноември 2026

Донка станува суперхероина: Борче Стаменов започна да пишува книга за „Донирај компјутер“

3 ноември 2026

Шалтери во Битола, Скопје и Струмица ќе се отворат за корисниците на социјална помош за подигање средства од Алта Банка

3 ноември 2026

Свечено отворени Музичка соба, Градска и Соба посветена на Офицерскиот дом посветени на проф.др Стерјовски

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми