Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 27 октомври 2026, 23:32 ч.
Ученикот Марко Петковски, од основното училиште „Коле Канински“ од Битола, освои златен медал на годинашната Мала македонска математичка олимпијада, покажувајќи одлично знаење и извонреден математички талент.
Од училиштето посочија дека во силна конкуренција од над 210 натпреварувачи од целата држава, Марко беше единствениот учесник од Битола, успевајќи на најдобар можен начин да го претстави својот град и матичното училиште.
Ваквиот успех е резултат на континуирана работа, посветеност и стручна поддршка. „Под менторство на одделенската наставничка Марина Станковска, Марко испиша уште една успешна приказна за знаењето, трудот и посветеноста. Гордост за училиштето! Успех за паметење! И доказ дека талентот, кога се негува, освојува злато! Големите успеси не се случајност. Браво, Марко. Само напред, кон нови врвови.„-порачаа од ОУ Коле Канински Битола.
А.Ш.
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
3 ноември 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025