Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 27 октомври 2026, 14:52 ч.
Бојан Стојаноски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ го претстави Предлог-законот за трансформација во редовен работен однос.
„Законско решение со кое пристапуваме кон системско решавање на еден долгогодишен проблем и воспоставување јасни правила за трансформација на договорните ангажмани во редовен работен однос на неопределено време. Нашата цел е едноставна: луѓето кои со години чесно работат и придонесуваат за институциите да добијат правна сигурност, достоинство и права кои произлегуваат од редовниот работен однос“, рече тој.
Правото на трансформација ќе се однесува на лицата кои имаат важечки договор на денот на влегувањето во сила на законот и чиј договор останува важечки во моментот на трансформацијата.
Институциите ќе имаат обврска во рок од 90 дена од стапувањето во сила на законот да ги склучат договорите, односно да ги донесат решенијата за вработување. Трансформацијата ќе се реализира фазно, при што за најмногу 50 проценти од опфатените лица договорите или решенијата ќе стапат во сила веднаш со нивното потпишување, а за преостанатите најдоцна до 31 декември 2027 година.
А.Ш.
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
3 ноември 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025