Пелагонија во фокусот
Спорт
Објавено: 28 октомври 2026, 02:46 ч.
Вечерва Австралискиот ММА-борец со македонско потекло, Александар Волкановски се огласи преку социјалните мрежи по својот последен борбен спектакл во октагонот, упатувајќи порака со голема почит кон својот противник, Мовсар Евлоев, но и благодарност до својот тим и навивачите ширум светот.
Волкановски, кој успеа да ја одбрани својата позиција и да го потврди шампионскиот статус, истакна дека секоја борба за него претставува нов предизвик и можност за раст.
„Благодарен сум за уште една ноќ што никогаш нема да ја заборавам. Голема почит за Мовсар — тој е со причина непоразен и е вистински голем ривал. Му благодарам што го подели октагонот со мене и што го извлече најдоброто од мене“, напиша Волкановски.
Македонско-австралискиот борец се осврни и на поддршката која постојано ја добива од најблиските и од верната публика:
„Благодарност до мојот тим, моето семејство и сите што продолжуваат да ме поддржуваат ширум светот. Ништо од ова не земам здраво за готово. Сè уште учам, сè уште се подобрувам и сè уште сум благодарен што го работам тоа што го сакам. И сè уште шампион!“, заклучи Волкановски.
Со оваа победа, Волкановски уште еднаш покажа зошто важи за еден од најдоминантните и најпочитуваните борци во категоријата, продолжувајќи го својот шампионски пат во UFC.
Фотографија: Официјален профил Александар Волкановски
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
3 ноември 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025