Пелагонија во фокусот
Култура
Објавено: 28 октомври 2026, 22:48 ч.
Денес во Индонезија свечено беше отворена Меѓународната изложба на цртежи и илустрации насловена како „International Exhibition Aksara 2026“.
Изложбата се одржува во рамките на институцијата Sekolah Tinggi Multi Media, Gedung Transformasi Digital во Јогјакарта, а ќе биде отворена за посетители од 28 октомври до 10 ноември 2026 година.
На оваа престижна меѓународна манифестација учествуваат 175 уметници со 272 уметнички дела од 20 земји во светот (меѓу кои Индонезија, Индија, Иран, Кина, Аргентина, Колумбија, Франција, Германија, Кенија, Мароко, Мјанмар, Македонија, Полска, Романија, Русија, Србија, Сирија, Турција, Украина и Уругваj).
Меѓу значајните учесници од Македонија се наоѓаат Кети Радевска и Златко Крстевски.
Како што и самата авторка посочува, нејзиното претставено дело е оригинален авторски цртеж посветен на нејзиниот роден град Битола, со што македонската уметност и култура достојно се претставуваат пред меѓународната публика на овој значаен глобален настан.
А.Ш.
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
3 ноември 2026
3 ноември 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025