Пелагонија во фокусот
Култура
Објавено: 1 ноември 2026, 12:43 ч.
Дожд не успеа да ја запре македонската песна, игра и традиција на годинешниот Мултикултурен фестивал во Аделаид. Познатиот македонски ансамбл Слобода (Ensemble Sloboda Adelaide) настапи на настанот, одржувајќи ја жива врската со татковината и претставувајќи ја богатата македонска култура пред австралиската јавност.
Претставувајќи се со македонски песни како „Твојто лице Лено мори“ младите играорци од ансамблот настапија на познатиот плоштад Тарнтањанга (Tarntanyangga), додека публиката ги следеше под чадори наградувајќи ги со бурни аплаузи.
„Ова беше прекрасен потсетник дека со многу труд, тимска работа и голема страст можат да се постигнат големи нешта. Горди сме на нашите играорци, чија посветеност блесна и покрај дождливото време. Им благодариме на сите што дојдоа да не поддржат“, порачаа од културно уменичкото друштво.
Покрај фолклорната програма, посебно внимание привлече и македонскиот штанд со храна, организиран во соработка со Македонската заедница на Аделаид и Јужна Австралија (MCASA). Традиционалните македонски специјалитети беа вистински хит меѓу посетителите, претставувајќи ја автентичната македонска гостопримливост преку избрани вкусови од татковината.
Преку ваквите настани македонската дијаспора во Австралија продолжува да ги негува своите корени, јазик и обичаи, пренесувајќи ги на помладите генерации и истовремено градејќи мостови на пријателство меѓу различните култури.
Фото: Ensemble Sloboda Adelaide
Т.С.
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
3 ноември 2026
3 ноември 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025