Пелагонија во фокусот
Култура
Објавено: 3 ноември 2026, 12:22 ч.
По повод Денот на ослободувањето на Прилеп – 3 Ноември, во Ликовната галерија при НУЦК „Марко Цепенков“ се одржа традиционалниот ликовен хепенинг во организација на Ротари клубот Прилеп.
На овој инспиративен настанот учествуваа талентирани ученици од училиштата од градот, кои преку своите ликовни творби ја изразија својата креативност, инспирација и љубов кон родниот град.
Ликовната галерија за време на хепенингот зрачеше со младешка енергија, бои и уникатни визуелни раскажувања, потсетувајќи ја јавноста на важноста од поттикнувањето на младите уметнички таленти. Традиционалниот ликовен хепенинг и оваа година се покажа како прекрасна можност за дружење, меѓусебна инспирација и достоинствено одбележување на празникот на Прилеп.
П.Н.
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
3 ноември 2026
3 ноември 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025