Актуелно: Зелени оази во Пелагонија - Награди од 10 до 30 илјади денари за најдобро уредените дворови во Новаци   •   Битола го дочекува роденденот облечена во најубавите есенски бои   •   Филмот во кој има и битолски актери - „Сестра, брат и шахта“ на Манчевски победи на фестивалот во Токио   •   Македонските патници повторно ќе можат директно да летаат од Скопје до Дубаи - полесна врска со Австралија и Азија   •   Од утре започнува исплатата на готовина за граѓаните без платежни картички во „АЛТА банка“ Битола   •   Донка станува суперхероина: Борче Стаменов започна да пишува книга за „Донирај компјутер“   •   Шалтери во Битола, Скопје и Струмица ќе се отворат за корисниците на социјална помош за подигање средства од Алта Банка    •   Свечено отворени Музичка соба, Градска и Соба посветена на Офицерскиот дом посветени на проф.др Стерјовски   

Култура

Музички маратон „Со љубов за Битола“ - по повод роденденот на градот Битола

Објавено: 31 октомври 2026, 11:15 ч.

Музички маратон „Со љубов за Битола“ - по повод роденденот на градот Битола

По повод 4 Ноември – Денот на ослободувањето на Битола, Државното музичко училиште – Битола го најавуви традиционалниот „МУЗИЧКИ МАРАТОН – СО ЉУБОВ ЗА БИТОЛА“, музички настан посветен на Битола, нејзината богата културна традиција и љубовта кон музичката уметност.

Настанот е во организација на Државното музичко училиште – Битола, во соработка со Културно-информативниот центар – Битола и Општина Битола, и претставува дел од официјалната програма за прослава на 4 Ноември – Денот на ослободувањето на Битола.

„На овој величествен музички настан, над 150 ученици од нашето училиште ќе имаат можност да ги претстават своите музички вештини, талентот и уметничките достигнувања, демонстрирајќи ја својата посветеност, љубов и страст кон музиката. Низ пет концерти, нашите млади музичари ќе ја претворат сцената во вистински празник на музичката уметност, исполнет со прекрасни изведби, инспирација и незаборавни емоции. Овој музички маратон ќе биде уште една потврда за квалитетот на музичкото образование, континуираната работа и богатата традиција што со гордост ја негува нашето училиште. Битола е град со вековна култура, уметност и музичка традиција, а нашето училиште со гордост продолжува да биде дел од нејзината богата музичка приказна. Ве покануваме заедно да го прославиме празникот на Битола. Затоа што Битола ја сака музиката, а ние твориме со љубов за Битола.“-велат од музичкото училиште.

🎵 ПРОГРАМА НА КОНЦЕРТИТЕ:

🕙 10:00 часот – Прв концерт

🕛 12:00 часот – Втор концерт

🕑 14:00 часот – Трет концерт

🕓 16:00 часот – Четврт концерт

🕕 18:00 часот – Петти концерт

📅 4 ноември 2026 година

📍 Културно-информативен центар – Битола

 П.Н.
   

Најнови вести

4 ноември 2026

Зелени оази во Пелагонија - Награди од 10 до 30 илјади денари за најдобро уредените дворови во Новаци

4 ноември 2026

Битола го дочекува роденденот облечена во најубавите есенски бои

4 ноември 2026

Филмот во кој има и битолски актери - „Сестра, брат и шахта“ на Манчевски победи на фестивалот во Токио

4 ноември 2026

Македонските патници повторно ќе можат директно да летаат од Скопје до Дубаи - полесна врска со Австралија и Азија

4 ноември 2026

Од утре започнува исплатата на готовина за граѓаните без платежни картички во „АЛТА банка“ Битола

4 ноември 2026

Донка станува суперхероина: Борче Стаменов започна да пишува книга за „Донирај компјутер“

3 ноември 2026

Шалтери во Битола, Скопје и Струмица ќе се отворат за корисниците на социјална помош за подигање средства од Алта Банка

3 ноември 2026

Свечено отворени Музичка соба, Градска и Соба посветена на Офицерскиот дом посветени на проф.др Стерјовски

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми