Пелагонија во фокусот
Култура
Објавено: 2 ноември 2026, 12:38 ч.
Битолскиот дувачки оркестар го носи својот препознатлив звук во „Big Band Edition“, концерт на кој македонските и странските безвременски композиции ќе прозвучат во богато оркестарско руво.
Концертот е закажан за 29 ноември во Центарот за култура во Битола во рамки на фестивалот Музика од светот.
Под раководство на Марјан Бакревски, оркестарот ќе настапи заедно со Драган Мијалковски, еден од најпрепознатливите македонски гласови, со повеќе од шест децении богата кариера.
Обновен во 2015 година, Битолскиот дувачки оркестар ја поврзува богатата музичка традиција на градот со современите музички текови.
Неговиот разновиден репертоар опфаќа џез, свинг, фанк, соул, латино, евергрини и познати филмски теми. Преку тематски концерти, фестивалски настапи и соработки со домашни солисти и млади музичари, оркестарот го збогатува културниот живот на Битола и ја доближува оркестарската музика до различни генерации.
К.Н.
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
3 ноември 2026
3 ноември 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025