Актуелно: Зелени оази во Пелагонија - Награди од 10 до 30 илјади денари за најдобро уредените дворови во Новаци   •   Битола го дочекува роденденот облечена во најубавите есенски бои   •   Филмот во кој има и битолски актери - „Сестра, брат и шахта“ на Манчевски победи на фестивалот во Токио   •   Македонските патници повторно ќе можат директно да летаат од Скопје до Дубаи - полесна врска со Австралија и Азија   •   Од утре започнува исплатата на готовина за граѓаните без платежни картички во „АЛТА банка“ Битола   •   Донка станува суперхероина: Борче Стаменов започна да пишува книга за „Донирај компјутер“   •   Шалтери во Битола, Скопје и Струмица ќе се отворат за корисниците на социјална помош за подигање средства од Алта Банка    •   Свечено отворени Музичка соба, Градска и Соба посветена на Офицерскиот дом посветени на проф.др Стерјовски   

Култура

Битола ја живее филмската магија - Свечено отворен фестивалот Камера 300

Објавено: 31 октомври 2026, 11:07 ч.

Битола ја живее филмската магија - Свечено отворен фестивалот Камера 300

Синоќа свечено беше отворено 34-то издание на интернационалниот фестивалот на аматерскиот документарен филм „Камера 300“. Пред присутните во име на организаторот поздравно обраќање имаше Стефан Хаџи Андоновски, а гостите ги поздрави и го прогласи за отворен фестивалот градоначалникот на Битола Тони Коњановски.

„Во оваа прилика сакам да ви честитам за Вашиот придонес кон негувањето и чувањето на делото на браќата Манаки, првите сниматели на Балканот.

Интернационалниот фестивал на аматерскиот документарен филм „Камера 300“ кој годинава по 34-па се одржува претставува силно културно обележје не само на градот, туку и пошироко на државно ниво и во светски рамки.

Уникатноста на овој фестивал е пренесувањето на големото платно на обичните приказни, реалните настани, погледот на секојдневието, раскажани од луѓето зад камерата, приказни кои го доближуваат секојдневието до гледачите, односно публиката“ рече градоначалникот Коњановски.

Гран при наградата „Плакета Милтон Манаки“ за најдобар филм на фестивалот му беше врачена на авторот Марјан Стевановски за филмот „Мојот син“.

Беа доделени и наградите златна, сребрена и бронзена камера 300, како и плакети за најдобра камера, режија, монтажа, идеја, репортажа и сребрен медал на УНИКА.

Исто така беа доделени и специјални награди-плакети за трајни вредности, за креативен пристап и за промотивен пристап во жанрот.

 К.Н.
   

Најнови вести

4 ноември 2026

Зелени оази во Пелагонија - Награди од 10 до 30 илјади денари за најдобро уредените дворови во Новаци

4 ноември 2026

Битола го дочекува роденденот облечена во најубавите есенски бои

4 ноември 2026

Филмот во кој има и битолски актери - „Сестра, брат и шахта“ на Манчевски победи на фестивалот во Токио

4 ноември 2026

Македонските патници повторно ќе можат директно да летаат од Скопје до Дубаи - полесна врска со Австралија и Азија

4 ноември 2026

Од утре започнува исплатата на готовина за граѓаните без платежни картички во „АЛТА банка“ Битола

4 ноември 2026

Донка станува суперхероина: Борче Стаменов започна да пишува книга за „Донирај компјутер“

3 ноември 2026

Шалтери во Битола, Скопје и Струмица ќе се отворат за корисниците на социјална помош за подигање средства од Алта Банка

3 ноември 2026

Свечено отворени Музичка соба, Градска и Соба посветена на Офицерскиот дом посветени на проф.др Стерјовски

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми