Пелагонија во фокусот
Култура
Објавено: 30 октомври 2026, 12:56 ч.
Талентираната битолчанка Марија Цветановска ја одушеви публиката со својот најнов музички проект – новата песна и видеозапис насловени „Кога те љубев“, кои веќе предизвикуваат голем интерес на каналот YouTube и бележат стотици прегледи само неколку часа по премиерата.
Зад овој емотивен и врвен аудио-визуелен проект стои препознатливиот потпис на Виктор Апостоловски, кој е автор на музиката, текстот и аранжманот, а исто така се потпишува и на комплетната видео и аудио продукција.
Видеото носи посебна естетска приказна во која главната машка улога ја толкува Мартин Стрезовски, додека за беспрекорниот изглед и шминката се погрижи Милена Апостоловска (@glow.by.milena).
Авторите и тимот упатуваат и огромна благодарност до НУ Народен Театар – Битола за соработката и поддршката во реализацијата на ова видео.
Уживајте во новата нумера на Марија Цветановска и поддржете ја домашната музичка сцена!
П.Н.
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
3 ноември 2026
3 ноември 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025