Пелагонија во фокусот
Култура
Објавено: 29 октомври 2026, 20:09 ч.
Премиерата на театарската претстава за деца „Во светот на Зоки Поки“ чија драматизација ја направи битолскиот писател Никола В. Ристевски, а во изведба на учениците од Едукативен Центар Едусфера ги стопли срцата на публиката и ги измами детските насмевки.
Оваа претстава ги слави другарството и добрината, љубовта, поддршката и искреноста. Оние важни лекции кои провејуваат низ романот, а низ времето не ја изгубиле својата вредност. Тоа се лекции кои јас како наставник сакам учениците да ги знаат исто како формалните лекции кои ги учат на училиште.
Искрената и посветена работа на овие ученици направи публиката да дише заедно со нив, а громогласниот аплауз на премиерата кој траеше беше доказ дека создадовме едно радосно и шаренолико ремек дело кое блеска од талент и искрени емоции. Благодарни сме на Општина Битола за поддршката на овие млади таленти. Битола има активни младинци со кои може да се гордее, изјави Ана Жежовска-Кузманоска, која како координатор се погрижи секој детал од оваа детска манифестација да им донесе незаборавно доживување на посетителите.
Дополнително беше организирана изведба и за второодделенците од основните училишта Тодор Ангелевски и Даме Груев.
К.Н.
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
3 ноември 2026
3 ноември 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025