Актуелно: Зелени оази во Пелагонија - Награди од 10 до 30 илјади денари за најдобро уредените дворови во Новаци   •   Битола го дочекува роденденот облечена во најубавите есенски бои   •   Филмот во кој има и битолски актери - „Сестра, брат и шахта“ на Манчевски победи на фестивалот во Токио   •   Македонските патници повторно ќе можат директно да летаат од Скопје до Дубаи - полесна врска со Австралија и Азија   •   Од утре започнува исплатата на готовина за граѓаните без платежни картички во „АЛТА банка“ Битола   •   Донка станува суперхероина: Борче Стаменов започна да пишува книга за „Донирај компјутер“   •   Шалтери во Битола, Скопје и Струмица ќе се отворат за корисниците на социјална помош за подигање средства од Алта Банка    •   Свечено отворени Музичка соба, Градска и Соба посветена на Офицерскиот дом посветени на проф.др Стерјовски   

Култура

Три спомен соби во чест на Александар Стерјовски - истражувачот кој на Битола и посвети еден цел творечки живот

Објавено: 3 ноември 2026, 01:20 ч.

Три спомен соби во чест на Александар Стерјовски - истражувачот кој на Битола и посвети еден цел творечки живот

Во Офицерскиот дом во Битола денеска се отвораат три спомен соби во чест на професорот Александар Стерјовски, истражувачот кој ѝ посвети на Битола цел еден творечки живот.

Некои луѓе го познаваат својот град толку длабоко што преку нив и ние учиме да го гледаме поинаку. Професорот Александар Стерјовски беше еден од нив. Зад познатите фасади ги бараше приказните, зад имињата ги откриваше луѓето, а во документите ги пронаоѓаше деталите што го враќаат животот во едно минато време. Благодарение на неговата љубопитност и истрајност, многу страници од животот на Битола останаа запишани, велат од Културниот и информативен центар на Битола каде денес свечено ќе бидат отворени собите.

Имено, вечерва во 18 часот, во Офицерскиот дом свечено ќе бидат отворени Музичката соба, Градската соба и Собата посветена на историјата на Офицерскиот дом. Отворањето во чест на проф. д-р Александар Стерјовски е дел од програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која Битола го одбележува 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот.

Три соби, три погледи кон Битола. Кон нејзиниот музички живот, кон градската историја и кон минатото на Офицерскиот дом, место што и самото е дел од колективната меморија на битолчани. Нивното отворање е покана повторно да му се приближиме на градот, да го запознаеме низ она што го наследивме и да размислиме што од него ќе им оставиме на следните генерации.

Роден во Битола во 1933 година, Стерјовски беше универзитетски професор, истражувач на фолклорот и неуморен хроничар на својот роден град. Предаваше на Педагошката академија, а потоа и на Педагошкиот факултет во Битола, и двапати беше проректор на Битолскиот универзитет. Зад себе остави над стотина научни статии и богат авторски опус во кој Битола има посебно место.

Преку „Битолско десеткнижие“ ги истражуваше театарот, Драгор, спортот, градбите, музиката и многу други страни на градскиот живот. Во „Градби“ го опфати и Офицерскиот дом, а во „Музика“ ги собра приказните за инструменталистите, хоровите, оркестрите, концертите и музичкото образование во Битола. Токму затоа, овие три соби имаат особено значење како почит кон неговото дело. Нивните теми се блиски до светот што тој со децении го истражуваше и ни го доближуваше.

Во пресрет на градскиот празник, Битола му оддава признание на професорот кој ни остави толку многу начини да ја запознаеме и причини да ја чуваме. На 3 ноември отвораме три соби и многу причини повторно да се вљубиме во сопствениот град.

 
   

Најнови вести

4 ноември 2026

Зелени оази во Пелагонија - Награди од 10 до 30 илјади денари за најдобро уредените дворови во Новаци

4 ноември 2026

Битола го дочекува роденденот облечена во најубавите есенски бои

4 ноември 2026

Филмот во кој има и битолски актери - „Сестра, брат и шахта“ на Манчевски победи на фестивалот во Токио

4 ноември 2026

Македонските патници повторно ќе можат директно да летаат од Скопје до Дубаи - полесна врска со Австралија и Азија

4 ноември 2026

Од утре започнува исплатата на готовина за граѓаните без платежни картички во „АЛТА банка“ Битола

4 ноември 2026

Донка станува суперхероина: Борче Стаменов започна да пишува книга за „Донирај компјутер“

3 ноември 2026

Шалтери во Битола, Скопје и Струмица ќе се отворат за корисниците на социјална помош за подигање средства од Алта Банка

3 ноември 2026

Свечено отворени Музичка соба, Градска и Соба посветена на Офицерскиот дом посветени на проф.др Стерјовски

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми