Актуелно: Зелени оази во Пелагонија - Награди од 10 до 30 илјади денари за најдобро уредените дворови во Новаци   •   Битола го дочекува роденденот облечена во најубавите есенски бои   •   Филмот во кој има и битолски актери - „Сестра, брат и шахта“ на Манчевски победи на фестивалот во Токио   •   Македонските патници повторно ќе можат директно да летаат од Скопје до Дубаи - полесна врска со Австралија и Азија   •   Од утре започнува исплатата на готовина за граѓаните без платежни картички во „АЛТА банка“ Битола   •   Донка станува суперхероина: Борче Стаменов започна да пишува книга за „Донирај компјутер“   •   Шалтери во Битола, Скопје и Струмица ќе се отворат за корисниците на социјална помош за подигање средства од Алта Банка    •   Свечено отворени Музичка соба, Градска и Соба посветена на Офицерскиот дом посветени на проф.др Стерјовски   

Култура

Вечерва битолчани ќе можат да го видат Офицерскиот Дом низ окото на камерите од пред 100 години

Објавено: 28 октомври 2026, 11:53 ч.

Вечерва битолчани ќе можат да го видат Офицерскиот Дом низ окото на камерите од пред 100 години

Фотографии стари повеќе од еден век, извадени од архивските фиоки, добиваат нов живот.

Вечерва во 19:30 часот, во Офицерскиот Дом во Битола ќе се одржи завршниот настан на проектот „Офицерски Дом – Резонантна меморија на градот Битола“, на кој ќе бидат претставени резултатите од работилниците со млади учесници од Битола.

Низ работилниците, учесниците ја истражуваа визуелната историја на Домот преку архивски аналогни фотографии, запознавајќи го процесот на создавање на аналогната фотографија, дигиталното архивирање и репарација на стари снимки, како и обработката на фото-архивата со современи дигитални алатки.

Она што произлезе од тоа искуство, сега излегува пред публика, во просторот што го инспирира целиот проект.

На настанот посетителите ќе можат да видат дигитални фотографии на младите автори, инспирирани од Офицерскиот Дом и од архивските фотографии на браќата Јанаки и Милтон Манаки, како и промотивни видеа за Домот од фото-архивата.

Проектот „Резонантна меморија“ ја поврзува богатата фото-архивска историја на Офицерскиот Дом со современите дигитални и креативни алатки, а неговата цел е да поттикне нова интерпретација на локалното културно наследство и да создаде трајни аудио-визуелни содржини кои ќе придонесат кон јавната видливост, културната промоција и интеграцијата на Домот во локалната културна и туристичка понуда.

Влезот на настанот е слободен, а јавноста е поканета да дојде и да го види Офицерскиот Дом низ окото на камерите од пред 100 години и низ погледот на младите кои денес ги читаат тие слики.

Проектот е поддржан од Министерство за култура и туризам, а го реализира ФлатФорм Филм во соработка со ЦЕРИ Битола, Културен и информативен центар - Битола и Одделението на Државниот архив во Битола.

 А.Ш.
   

Најнови вести

4 ноември 2026

Зелени оази во Пелагонија - Награди од 10 до 30 илјади денари за најдобро уредените дворови во Новаци

4 ноември 2026

Битола го дочекува роденденот облечена во најубавите есенски бои

4 ноември 2026

Филмот во кој има и битолски актери - „Сестра, брат и шахта“ на Манчевски победи на фестивалот во Токио

4 ноември 2026

Македонските патници повторно ќе можат директно да летаат од Скопје до Дубаи - полесна врска со Австралија и Азија

4 ноември 2026

Од утре започнува исплатата на готовина за граѓаните без платежни картички во „АЛТА банка“ Битола

4 ноември 2026

Донка станува суперхероина: Борче Стаменов започна да пишува книга за „Донирај компјутер“

3 ноември 2026

Шалтери во Битола, Скопје и Струмица ќе се отворат за корисниците на социјална помош за подигање средства од Алта Банка

3 ноември 2026

Свечено отворени Музичка соба, Градска и Соба посветена на Офицерскиот дом посветени на проф.др Стерјовски

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми