Пелагонија во фокусот
Култура
Објавено: 3 ноември 2026, 00:50 ч.
Во рамките на одбележувањето на 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот Прилеп, НУЦК „Марко Цепенков“ и ансамблот на Центарот за култура и театарот „Војдан Чернодрински“ приредија вистински културен празник за театарската публика.
Tеатарскиот ансамбл специјално ја изведе култната претстава „Црнила“, во режија на истакнатиот Дејан Пројковски. Оваа изведба имаше двојно значење: покрај тоа што беше посветена на празникот на градот, беше одиграна и во чест на неодамнешните значајни признанија — освоените шест престижни награди (пет на МТФ „Војдан Чернодрински“ и една на Фестивалот на актерот „Ристо Шишков“).
Врачена престижната награда за актерот Александар Степанулески
Претставници од фестивалот „Ристо Шишков“ му ја врачија наградата за најдобро актерско остварување на актерот Александар Степанулески за неговата врвна изведба на ликот на Луков.
Примајќи го признанието, видливо сè уште под впечаток од емоциите, Степанулески упати искрени зборови на благодарност до публиката и колегите, нагласувајќи дека целата екипа ја посветила оваа изведба во чест на прерано починатиот и исклучителен режисер Кирил Петрески.
Вечерта заврши со долготраен аплауз и силни овации од прилепската публика, која уште еднаш покажа дека знае да ја цени уметноста, домашното творештво и успесите на своите уметници.
Фотографии: НУЦК Марко Цепенков Прилеп
К.Н.
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
3 ноември 2026
3 ноември 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025