Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 2 ноември 2026, 23:29 ч.
Генералниот секретар на СДСМ, Александра Саша Димитријевиќ, попладнево беше во посета на Битола при што од пред седиштето на Алта банка Битола се обрати до јавноста.
Ние предупредувавме уште пред 11 месеци колку е ова опасно, банката на Вучиќ со криминални пари и криминален капитал да влезе во Македонија. Денеска, цената ја плаќаат граѓаните, пензионерите, кои се без пари, и тие 10 илјади денари со кои треба да живеат а ниту тие дали ќе можат да ги извадат“, рече Димитријевиќ.
„Луѓе без картички не можат да стигнат до своите пари бидејќи експозитурите не работат. Многу банкомати се празни, а на другите се чекаат редови со часови. Ако се сака да се заштитат штедачите, треба да им се дозволи да си ги подигнат своите заштеди во целост. Бараме ПИОМ да не се исплаќа пензија на сметките на пензионерите на Алта банка, да се заштитат.“-рече тој.
Порача дека мора да има истрага и одговорност.
А.Ш.
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
3 ноември 2026
3 ноември 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025