Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 29 октомври 2026, 11:30 ч.
Од 22 до 25 октомври, тимот на Анима Центар беше дел од значајната 15. конференција на Европската асоцијација за гешталт терапија (ЕАГТ), на која свечено беа одбележани и 40 години од нејзиното постоење.
Оваа конференција понуди богата програма исполнета со инспиративни предавања, интерактивни работилници и вредни средби со колеги од бројни земји, овозможувајќи нови стручни сознанија, длабока размена на искуства и силна мотивација за понатамошен професионален развој, соопштија од Анима Центарот.
Посочуваат дека особена радост и гордост за тимот претставуваше моментот кога името на центарот се најде меѓу 47-те тренинг-институти со акредитирани програми, официјално претставени на овој престижен европски собир.
Овој момент го доживуваме како поттик за понатамошна посветена работа, учење и развој на гешталт едукацијата.
Продолжуваме да создаваме простор за личен и професионален развој, негувајќи ги вредностите на гешталт пристапот, велат од Анима Центарот.
А.Ш.
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
3 ноември 2026
3 ноември 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025