Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 28 октомври 2026, 10:30 ч.
Во изминатиот период добивме голем број претставки за напади и несакани инциденти предизвикани од сопственички кучиња, со и без микрочип на ул. Довлеџик. Во најголем број случаи, кучињата се пуштаат самостојно да се движат по јавни површини, најчесто во раните утрински часови или доцна навечер, информираат од прифатилиштето Хачико.
„Ги повикуваме и потсетуваме сите сопственици на кучиња на важноста за одговорно сопствеништво. Кучето не треба да биде пуштено без надзор, со што се загрозува неговата безбедност, но и безбедноста на граѓаните и другите животни.“-велат од таму.
Посочуваат дека за секое сопственичко куче кое ќе биде заловено на јавна површина без соодветен надзор, на сопственикот му следува казнена глоба согласно важечките прописи.
„Апелираме до сопствениците да ги почитуваат своите обврски и да не ги пуштаат кучињата сами да се движат по јавни површини.
За случајот е известен и ветеринарен инспектор при ПЕ на АХВ Битола. Одговорното сопствеништво е обврска, а не избор.“-додаваат од Хачико.
А.Ш.
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
3 ноември 2026
3 ноември 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025