Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 1 ноември 2026, 13:06 ч.
Во рамки на Деновите на медиумска писменост, средношколци во Europe House Битола влегоа во светот на „Escape Fake“ – интерактивна игра што го развива критичкото размислување и го поставува прашањето дали секогаш може да се препознае што е вистина, а што е добро осмислена манипулација во дигиталниот простор.
Во текот на два дена, младите истражуваа два модули од играта – „Музеј на дезинформации“ и „Ситуација во автобус“. Преку различни предизвици, тие анализираа информации, проверуваа извори, откриваа манипулации и бараа решенија.
По пронаоѓањето на точните одговори, учесниците ги анализираа сопствените мисловни процеси и одлуките што ги донесоа. Mедиумската писменост не значи само да се препознае лажна информација, туку и да се разбере сопственото размислување при соочувањето со неа, потенцираат организаторите.
За сите кои сакаат да го проверат своето знаење и да видат дали можат да ја препознаат секоја дезинформација, играта „Escape Fake“ е достапна на следниот линк: https://escapefake.org/north-macedonia/
Фото: Europe House Битола
П.Н.
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
3 ноември 2026
3 ноември 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025