Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 30 октомври 2026, 18:43 ч.
Советничката група на ЛДП во Битола поднесе иницијатива до Советот на Општина Битола за воведување бесплатен јавен превоз за сите студенти кои студираат на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.
Иницијативата, поднесена од советникот Димитар Кузмановски, има за цел да обезбеди еднакви права и услови за сите академици во државата, посочувајќи го примерот со студентите од Скопје кои веќе ја користат оваа привилегија.
„Тоа што важи за скопскиот универзитет, мора и треба да важи и за битолскиот универзитет. Има доволно средства – потребна е само политичка волја и желба оваа иницијатива конечно да стане реалност“, истакнуваат од ЛДП Битола.
Со оваа предлог-мерка се очекува значително да се олесни студентскиот стандард, намалувајќи ги секојдневните трошоци за живот и патување на младите во Битола, како и да се поттикне поголема користење на јавниот превоз во градот.
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
3 ноември 2026
3 ноември 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025