Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 1 ноември 2026, 13:54 ч.
Денеска, Булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп беше исполнет со детска радост, возбуда и насмевки. Над 200 наши најмали учесници беа дел од „Ептен мини детската велосипедска трка“, манифестација која уште еднаш покажа дека најубавите настани се оние во кои главни ѕвезди се децата.
Посебно задоволство беше да се видат најмалите како храбро ги возат своите велосипеди со поддршка од родителите и најблиските, а секој поминат метар проследен со аплауз, охрабрување и искрена детска среќа. За нас, најголемата награда не се резултатите и победите, туку токму овие моменти, детските насмевки, дружењето и создавањето убави спомени. Голема благодарност до сите дечиња и нивните родители за учеството, до организаторите, Здружението за култура и спорт ,,Нови маркови внуци”- Прилеп и сите кои придонесоа оваа прекрасна манифестација да биде успешна, вели прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.
5 ноември 2026
5 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025