Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 30 октомври 2026, 02:36 ч.
Додека живописното село Скочивир се подготвува за празнична атмосфера, во пресрет на празник беше пуштен во употреба новиот водовод за манастирот „Св. Архангел Михаил“.
Како што информираат од месната заедница, вчера во манастирскиот двор потекоа првите количини чиста вода од новиот водовод. Со овој капитален зафат трајно се решава долгогодишното прашање со водоснабдувањето за ова духовно светилиште, што претставува неизмерна радост за сите верници и жители.
Во меѓувреме продолжуваат подготовките за голем народен собир по повод празникот Свети Лука, кој се празнува на 31 октомври 2026 година (сабота). Манастирскиот одбор и домаќините упатуваат срдечна покана до сите верници и пријатели на традицијата да се соберат на заеднички собир во манастирскиот двор.
Организаторите се погрижија празничниот ден да биде исполнет со добра музика, весела атмосфера и вистинско сенародно дружење, за што задолжени се „Ритам Бенд“.
Место: Манастир „Св. Лука“ , Скочивир
Датум: 31.10.2026 година (сабота)
Почеток: 10:00 часот
„Да се собереме во што поголем број, да го прославиме празникот во духот на верата, традицијата, слогата и заедништвото. Добредојдени се сите верници, жители и добронамерници! Да ја продолжиме традицијата, да ја зачуваме верата и обичаите и заедно да направиме ден за паметење!“ – порачуваат домаќините.
На настанот се очекува масовно присуство на верници од целиот регион кои преку песна, молитва и дружење ќе придонесат за зачувување на културно-историските вредности и манастирските традиции на Скочивир. За многу години празникот Свети Лука!
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
3 ноември 2026
3 ноември 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025