Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 30 октомври 2026, 14:12 ч.
Битолската зоолошка градина доби нов, прекрасен жител. На падините на Тумбе Кафе се роди машко бебе од видот лама, кое брзо ги освојува срцата на сите присутни.
Од тимот на Зоолошката градина истакнуваат дека успешниот природен расплод на ова неавтохтоно животно е директен доказ за нивната стручност, посветеност и постојана грижа за добросостојбата на животните.
За сите посетители и љубители на животните, од ЗОО Битола најавуваат и посебно изненадување — наскоро ќе организираат дружба со журка и традиционални мекици за добредојде на новиот член.
К.Н.
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
3 ноември 2026
3 ноември 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025