Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 30 октомври 2026, 12:03 ч.
Основното училиште „Стив Наумов“ продолжува да поставува високи стандарди во образованието, успешно реализирајќи низа капитални и еколошки проекти. Со фокус на одржливиот развој и подобрувањето на условите за престој и учење, училиштето доби нова отворена училница и амфитеатар, откако претходно веќе се реализирани проектите за современи топлотни пумпи, енергетски ефикасна фасада и фотоволтаичен систем.
За значењето на овие инвестиции и новите активности за учениците се огласи и директорот на училиштето, Никола Пискачев.
„ОУ Стив Наумов е непресушен извор на идеи и нивна реализација, почнувајќи од топлотните пумпи, енергетски ефикасната фасада, па се до фотоволтаиците. Изградивме и една отворена училница и наш мал амфитеатар. Овој мал амфитеатар е наменет учениците да ја спознаат природата, да имаат поголема еколошка свест и што е најважно, да се оттргнат од телефоните и секојдневието кое го носат дигиталните апарати. Затоа, со голем гордост можам да кажам дека официјално ја ставаме во употреба оваа отворена училница.“-вели Пискачев.
Со реализацијата на овие проекти, училиштето не само што значајно ги намалува трошоците за енергија и ја заштитува животната средина, туку создава и модерен, инспиративен простор за забавно и интерактивно учење во природа.
А.Ш.
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
3 ноември 2026
3 ноември 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025