Пелагонија во фокусот
Локално
Објавено: 30 октомври 2026, 13:12 ч.
На денешната 17-та седница на Советот на Општина Битола, градоначалникот Тони Коњановски имаше свое обраќање во кое направи рекапитулација на првата година од новиот мандат на оваа локална самоуправа, осврнувајќи се на планираното и реализираното.
„Со почит кон историјата и наша должност во сегашноста, во пресрет на Денот на ослободувањето на Битола, традиционално од оваа говорница, правиме ретроспектива на реализираните активности во изминатиот едногодишен период, во кој се заокружува и првата година од вториот мандат на оваа локална самоуправа. За општина со 85 164 жители и 65 села, секогаш има многу што да се направи, но бројката од 180 проекти кои ја одбележуваат изминатата една година, потврдува дека оваа локална самоуправа, професионално и посветено, дејствува во вистинска насока. Фактите говорат дека 34 проценти од таа бројка на проекти се завршени, 27 се во фаза на реализација, за 17 проценти потпишани се договори, а за 22% во завршна фаза се подготвителните постапки.“-рече градоначалникот.
Битола е општина со најголем број аплицирани и добиени проекти во државата од двата повици на Владата,рече тој.
„Во однос на процентуалниот сооднос според реализација на програми, секогаш настојуваме да дадеме подеднаква важност за различни целни групи, врз основа на анализи на засегнатите страни, нивните потреби и приоритети. Така е со Програмите кои вклучуваат инфраструктура и уредување на градежно земјиште, но и со програмите за култура, спорт, социјална заштита и други програми. Низ кратка рекапитулација, изминатата година ја одбележаа следните инвестиции: Над 10 километри обновена и новоизградена патна инфраструктура, во урбаниот и руралниот дел, инвестиција во водоводна и канализациона мрежа во должина над 3 километри, реконструкцијата и изградба на 24 спортски училишни терени и 4 типски спортски сали, завршени проекти, но и проекти во фаза на реализација, кои наскоро ќе светнат како што светнаа терените во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“, во ОУ „Гоце Делчев“, во двата објекти на ова училиште, во ОУ „Елпида Караманди“ , ОУ „Климент Охридски“, потоа во училиштето во Горно Оризари, во населбата Стрелиште, а се работи и во ОУ „Даме Груев“.
Во завршна фаза е изградбата на Боксерската сала, со што Битола, како град со докажани спортисти во оваа област, носители на високи признанија на домашната и меѓународната сцена, ќе добие современи услови за тренинг, развој на нови таленти и продолжување на успешните настапи на балканските, европските и светските натпреварувања. Во тек е и изградбата на спортската сала во Бистрица.“-посочи градоначалникот, информирајќи и за изградба и реконструкцијата на улици, патишта и нови паркинг места во градот, како и за инвестициите во образованието.
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
3 ноември 2026
3 ноември 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025