Актуелно: Зелени оази во Пелагонија - Награди од 10 до 30 илјади денари за најдобро уредените дворови во Новаци   •   Битола го дочекува роденденот облечена во најубавите есенски бои   •   Филмот во кој има и битолски актери - „Сестра, брат и шахта“ на Манчевски победи на фестивалот во Токио   •   Македонските патници повторно ќе можат директно да летаат од Скопје до Дубаи - полесна врска со Австралија и Азија   •   Од утре започнува исплатата на готовина за граѓаните без платежни картички во „АЛТА банка“ Битола   •   Донка станува суперхероина: Борче Стаменов започна да пишува книга за „Донирај компјутер“   •   Шалтери во Битола, Скопје и Струмица ќе се отворат за корисниците на социјална помош за подигање средства од Алта Банка    •   Свечено отворени Музичка соба, Градска и Соба посветена на Офицерскиот дом посветени на проф.др Стерјовски   

Македонија

Холандски и романски активистки во Битола - Ги чистеа боксовите, им даваа храна и терапија на животните во засолништето Animal Voice

Објавено: 1 ноември 2026, 13:35 ч.

Холандски и романски активистки во Битола - Ги чистеа боксовите, им даваа храна и терапија на животните во засолништето Animal Voice

Засолништето за животни „Animal Voice“ од Битола, преку кое младиот Леонардо Соколов секојдневно помага на повредени и запуштени животни, се повеќе го привлекува вниманието на странски активисти и љубители на животните. Во дводневна посета на шелтерот престојуваа активистите Трус и Клаудија од организацијата „Stichting Jennas Gift“ од Холандија и Романија.

За време на нивниот престој, волонтерите од странство активно се вклучија во сите секојдневни обврски околу животните. Тие поминаа два дена во шелтерот чистејќи ги боксовите и садовите за храна, подготвувајќи оброци и учествувајќи во давањето терапија за кучињата. Според Леонардо Соколов, нивното присуство било од огромна помош, со оглед на тоа што работата што заедно ја завршиле за 6 до 7 часа е обврска која тој секојдневно ја врши сам. Преку ова искуство, гостите одблиску ги видоа маката и напорот што се вложуваат за шелтерот да остане во функција.

Од шелтерот информираат дека покрај работните активности на терен, беше организирана и работна средба на која се разговараше за тековните проблеми, подобрување на условите и зачувување на стабилноста на шелтерот.

„Тие беа среќни што помагаат во шелтерот, а кучињата беа уште посреќни од љубовта која ја добија од нив“, истакнуваат од „Animal Voice“.

Организацијата „Animal Voice“ е посветена на спасување и помагање на сите животни во неволја, а досега има спасено над 70 кучиња од улиците. За шелтерот да продолжи со својата благородна мисија, од таму апелираат до хуманите граѓани и донатори дека е потребна помош за кучињата.

Во моментов се води битка за спас на кучето Титан, кое беше засолнето од улица со здравствени проблеми и срцев црв. На Титан неодамна му се влошила состојбата, изгубил значаен дел од килажата и во моментот му се прават детални ветеринарни анализи и ехо-прегледи, поради што од „Animal Voice“ апелираат до сите хумани граѓани кои се во можност да донираат за неговото лекување.

Фотографии: Animal Voice

 А.Ш.
   

Најнови вести

4 ноември 2026

Зелени оази во Пелагонија - Награди од 10 до 30 илјади денари за најдобро уредените дворови во Новаци

4 ноември 2026

Битола го дочекува роденденот облечена во најубавите есенски бои

4 ноември 2026

Филмот во кој има и битолски актери - „Сестра, брат и шахта“ на Манчевски победи на фестивалот во Токио

4 ноември 2026

Македонските патници повторно ќе можат директно да летаат од Скопје до Дубаи - полесна врска со Австралија и Азија

4 ноември 2026

Од утре започнува исплатата на готовина за граѓаните без платежни картички во „АЛТА банка“ Битола

4 ноември 2026

Донка станува суперхероина: Борче Стаменов започна да пишува книга за „Донирај компјутер“

3 ноември 2026

Шалтери во Битола, Скопје и Струмица ќе се отворат за корисниците на социјална помош за подигање средства од Алта Банка

3 ноември 2026

Свечено отворени Музичка соба, Градска и Соба посветена на Офицерскиот дом посветени на проф.др Стерјовски

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми