Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 3 ноември 2026, 11:57 ч.
Кредитната активност на „Алта банка“ АД Битола е ограничена со мерки на Народната банка, кои се однесуваат на одобрувањето и исплатата на кредитите.
Народната банка воведе ограничувања и во кредитирањето на „Алта банка“ АД Битола, како дел од мерките за време на тримесечната администрацијата.
Со решението се забранува одобрување нови кредитни изложености, како и пролонгирање на веќе одобрените, односно продолжување на нивните рокови.
Граѓаните и компаниите кои имаат кредитни задолжувања во Алта Банка Битола треба да продолжат редовно да ги исполнуваат своите обврски.
Со решението од 1 ноември, за администратори се именувани Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, кои ги преземаат надлежностите на управните тела и Собранието на акционери, со исклучок на одлуките за зголемување на капиталот.
Тие имаат рок од 21 ден да ја утврдат целокупната состојба во банката и да достават извештај до Народната банка.
Редакција
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
3 ноември 2026
3 ноември 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025