Актуелно: Зелени оази во Пелагонија - Награди од 10 до 30 илјади денари за најдобро уредените дворови во Новаци   •   Битола го дочекува роденденот облечена во најубавите есенски бои   •   Филмот во кој има и битолски актери - „Сестра, брат и шахта“ на Манчевски победи на фестивалот во Токио   •   Македонските патници повторно ќе можат директно да летаат од Скопје до Дубаи - полесна врска со Австралија и Азија   •   Од утре започнува исплатата на готовина за граѓаните без платежни картички во „АЛТА банка“ Битола   •   Донка станува суперхероина: Борче Стаменов започна да пишува книга за „Донирај компјутер“   •   Шалтери во Битола, Скопје и Струмица ќе се отворат за корисниците на социјална помош за подигање средства од Алта Банка    •   Свечено отворени Музичка соба, Градска и Соба посветена на Офицерскиот дом посветени на проф.др Стерјовски   

Македонија

Ресенчанката Бетика со порака од Социо-еколошкиот форум: природата не ни припајѓа нам, ние ѝ припајѓаме неа

Објавено: 28 октомври 2026, 20:43 ч.

Ресенчанката Бетика со порака од Социо-еколошкиот форум: природата не ни припајѓа нам, ние ѝ припајѓаме неа

Во рамките на Социо-еколошкиот форум во Скопје, ресенчанката и еколошка активистка Бети Котовчевска Бетика имаше чест официјално да ја отвори овогодинешната пешачка тура (walking tour), која симболично започна во Паркот „Жена борец“.

За Котовчевска, овој настан беше многу повеќе од протоколарно учество — тоа беше простор за искрена споделување на нејзиниот личен и активистички пат, како и заложбите за заштита на природата кои ги спроведува со години. Таа пред присутните го пренесе своето доживување за природата не само како географски простор во кој живееме, туку како заеднички дом, извор на внатрешен мир, поврзаност и инспирација.

Покрај еколошката порака, значаен дел од нејзината презентација беше посветен и на практиката на свесно дишење. Според неа, оваа едноставна алатка му помага на човекот да се врати кон себе, да биде поприсутен и да воспостави хармонија со околината, бидејќи вистинската грижа за животна средина секогаш започнува од внатрешниот мир на самиот поединец.

„Секоја промена започнува со свесност, а секој мал чекор направен со посветеност придонесува за поголемо добро. Природата не ни припаѓа нам, туку ние ѝ припаѓаме на неа, и затоа наша должност е да бидеме нејзиниот глас“, истакна Котовчевска, упатувајќи благодарност до организаторите за доделената доверба и можноста да ги сподели своите вредности со учесниците на форумот.

Шестиот Социо-еколошки форум, кој неодамна се одржа во Скопје, отвори едно од најважните прашања за иднината на нашите средини — како да создадеме градови во кои јавните простори, чистата енергија и грижата за заедницата ќе бидат секојдневие за секого, а не привилегија резервирана за малкумина.

Настанот се одржа под мотото „Враќање на просторот како инфраструктура на грижа: Приказни, солидарност и политики на зелените транзиции“. На едно место се собраа претставници на граѓанскиот сектор, истражувачи, активисти и локални институции, со заедничка цел да иницираат промени што водеат кон поправедни, поинклузивни и поодржливи заедници.

Учесниците истакнаа дека просторите во кои живееме се многу повеќе од обични згради, улици, паркови или плоштади. Тие го обликуваат целиот наш ден — начинот на кој се движиме низ градот, како се поврзуваме со сограѓаните, па сè до тоа колку лесно ги остваруваме основните потреби. Токму затоа, форумот ги поттикна присутните длабоко да размислат за тоа дали денешните градови вистински им служат на сите и чии потреби најчесто остануваат занемарени.

Главен заклучок од дискусиите беше дека праведната зелена транзиција не значи само техничка промена во користењето на енергијата или нови урбанистички планови. Таа пред сè значи подобри услови за живот, попристапни јавни услуги, подобрена животна средина и безбедни улици. Вистинската промена бара секој човек да има можност да учествува во одлуките што му го менуваат животот, со посебен фокус на луѓето и заедниците кои нај директно ги чувствуваат последиците од овие трансформации.

 А.Ш.
   

Најнови вести

4 ноември 2026

Зелени оази во Пелагонија - Награди од 10 до 30 илјади денари за најдобро уредените дворови во Новаци

4 ноември 2026

Битола го дочекува роденденот облечена во најубавите есенски бои

4 ноември 2026

Филмот во кој има и битолски актери - „Сестра, брат и шахта“ на Манчевски победи на фестивалот во Токио

4 ноември 2026

Македонските патници повторно ќе можат директно да летаат од Скопје до Дубаи - полесна врска со Австралија и Азија

4 ноември 2026

Од утре започнува исплатата на готовина за граѓаните без платежни картички во „АЛТА банка“ Битола

4 ноември 2026

Донка станува суперхероина: Борче Стаменов започна да пишува книга за „Донирај компјутер“

3 ноември 2026

Шалтери во Битола, Скопје и Струмица ќе се отворат за корисниците на социјална помош за подигање средства од Алта Банка

3 ноември 2026

Свечено отворени Музичка соба, Градска и Соба посветена на Офицерскиот дом посветени на проф.др Стерјовски

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми