Пелагонија во фокусот
Македонија
Објавено: 28 октомври 2026, 13:46 ч.
Од 14 октомври, досега за вакцинирање се пријавени вкупно 66.821 граѓанин во земјата.
Најголем дел од пријавените се лица над 65 години, а следат хроничните болни.
Најмногу пријави има во Скопје (19.767), Битола (4.845), Прилеп (3.844), Струмица (3.585) и Тетово (3.581).
Досега, според податоците од Министерството за здравство, се закажани 6.710 термини, а вакцинирани се 3.266 граѓани.
Реализацијата на термините што веќе поминале изнесува 86,7%, а 503 граѓани (13,3%) не се појавиле на закажаниот термин. Ги повикуваме граѓаните што не можат да дојдат навреме да го откажат терминот, за тој да се додели на друг пријавен. Денес ќе започне нова група закажувања, со што бројот ќе се зголеми на околу 1.700 вакцинации дневно.
„Денес ќе започне нова група закажувања, со што бројот ќе се зголеми на околу 1.700 вакцинации дневно. Сезоната на грип е најизразена во јануари и февруари. Вакцинацијата спроведена до првата недела од јануари обезбедува навремена заштита. Словенија и Хрватска ќе започнат со вакцинација во ноември и тоа не е доцна. Вакцини има доволно за сите пријавени, затоа ги молам граѓаните за трпение, секој ќе биде повикан на термин. Исто така, од неделава тимови на здравствените домови вакцинираат во домови за стари лица, а од следната недела и во центрите за дијализа“, рече Министерот за здравство Сашо Клековски.
А.Ш.
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
4 ноември 2026
3 ноември 2026
3 ноември 2026
9 октомври 2026
25 декември 2025
24 декември 2025
16 декември 2025
8 декември 2025