Актуелно: Зелени оази во Пелагонија - Награди од 10 до 30 илјади денари за најдобро уредените дворови во Новаци   •   Битола го дочекува роденденот облечена во најубавите есенски бои   •   Филмот во кој има и битолски актери - „Сестра, брат и шахта“ на Манчевски победи на фестивалот во Токио   •   Македонските патници повторно ќе можат директно да летаат од Скопје до Дубаи - полесна врска со Австралија и Азија   •   Од утре започнува исплатата на готовина за граѓаните без платежни картички во „АЛТА банка“ Битола   •   Донка станува суперхероина: Борче Стаменов започна да пишува книга за „Донирај компјутер“   •   Шалтери во Битола, Скопје и Струмица ќе се отворат за корисниците на социјална помош за подигање средства од Алта Банка    •   Свечено отворени Музичка соба, Градска и Соба посветена на Офицерскиот дом посветени на проф.др Стерјовски   

Македонија

Битолчанка и Естонец за пет месеци измамиле стотици граѓани: Ветувале брза заработка за вложување на интернет платформа

Објавено: 30 октомври 2026, 15:50 ч.

Битолчанка и Естонец за пет месеци измамиле стотици граѓани: Ветувале брза заработка за вложување на интернет платформа

Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа и им нанеле финансиска штета

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против 56-годишната М.К. од Битола и А.С.(38) од Естонија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ од член 247 од Кривичниот законик.

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација, на канал со неколку стотици претплатници, со ветување за наводни добивки кои никогаш не се реализирале, навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа и на тој начин им нанеле значителна финансиска штета.

До Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика доставени се пет пријави од оштетени граѓани, кои во наведениот период биле измамени, но согласно податоците од финансиските извештаи од трансакциската сметка на првопријавената, во измамата оштетени се стотици граѓани од државата, но повеќето од нив не го пријавиле случајот.

Во врска со случајот беше спроведена повеќемесечна истрага во која беа вклучени повеќе домашни и странски институции и беа разменети информации, што резултитраше со откривање на идентитетот на сторителите. Исто така, во рамки на истрагата, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика изврши информативен разговор со првопријавената, одзеде електронски уреди кои ги користела за остварување пишана комуникација преку апликацијата, а со форензичката анализа на екстрахираните податоци од одземените уреди, докажано е кривичното дело за кое е поднесена кривичната пријава. Во однос на меѓународниот аспект на истрага, по претходно извршена стручна анализа на крипто трансакциите, преку меѓународни безбедносни платформи обезбедени се целосни информации за сопственикот на крипто паричникот.

Со оглед на растечкиот тренд на ваков тип измами, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика апелира граѓаните да не веруваат во лесна и брза заработка преку интернет, каде измамниците преку социјалните мрежи, лажни профили и телефонски повици нудат инвестирање во криптовалути со ветувања за високи и сигурни приноси, притоа наведувајќи ги да уплатат пари на лажни инвестициски платформи, кои можат да изгледаат целосно легитимно, соопшти МВР.

Фото: Unsplash

 А.Ш.
   

Најнови вести

4 ноември 2026

Зелени оази во Пелагонија - Награди од 10 до 30 илјади денари за најдобро уредените дворови во Новаци

4 ноември 2026

Битола го дочекува роденденот облечена во најубавите есенски бои

4 ноември 2026

Филмот во кој има и битолски актери - „Сестра, брат и шахта“ на Манчевски победи на фестивалот во Токио

4 ноември 2026

Македонските патници повторно ќе можат директно да летаат од Скопје до Дубаи - полесна врска со Австралија и Азија

4 ноември 2026

Од утре започнува исплатата на готовина за граѓаните без платежни картички во „АЛТА банка“ Битола

4 ноември 2026

Донка станува суперхероина: Борче Стаменов започна да пишува книга за „Донирај компјутер“

3 ноември 2026

Шалтери во Битола, Скопје и Струмица ќе се отворат за корисниците на социјална помош за подигање средства од Алта Банка

3 ноември 2026

Свечено отворени Музичка соба, Градска и Соба посветена на Офицерскиот дом посветени на проф.др Стерјовски

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми