Актуелно: Зелени оази во Пелагонија - Награди од 10 до 30 илјади денари за најдобро уредените дворови во Новаци   •   Битола го дочекува роденденот облечена во најубавите есенски бои   •   Филмот во кој има и битолски актери - „Сестра, брат и шахта“ на Манчевски победи на фестивалот во Токио   •   Македонските патници повторно ќе можат директно да летаат од Скопје до Дубаи - полесна врска со Австралија и Азија   •   Од утре започнува исплатата на готовина за граѓаните без платежни картички во „АЛТА банка“ Битола   •   Донка станува суперхероина: Борче Стаменов започна да пишува книга за „Донирај компјутер“   •   Шалтери во Битола, Скопје и Струмица ќе се отворат за корисниците на социјална помош за подигање средства од Алта Банка    •   Свечено отворени Музичка соба, Градска и Соба посветена на Офицерскиот дом посветени на проф.др Стерјовски   

Македонија

Кога има волја и поддршка висината не е пречка - Обнова на видиковец и нови содржини на Јоргов камен и Црвени стени на Пелистер

Објавено: 30 октомври 2026, 11:10 ч.

Кога има волја и поддршка висината не е пречка - Обнова на видиковец и нови содржини на Јоргов камен и Црвени стени на Пелистер

ЈУНП Пелистер во соработка со Rotary Club Bitola Shirok Sokak отпочна со работни активности за обнова на видиковецот(2000мнв) кој се наоѓа на патеката која води по камењарот и во претстојниот период согласно условите за работа на терен ќе бидат поставени нови содржини на локација Јоргов камен(1744мнв) и Црвени стени(1788мнв).

Станува збор за едни од најпосетуваните локации во рамки НП Пелистер кои меѓусебно се поврзани со атрактивни планински патеки со вкупна должина која надминува триесетина километри. Содржините се во функција на зголемување на атрактивноста на наведените локации без да се наруши пејсажната вредност на просторот на кој истите ќе бидат поставени.

Ваквиот тип на соработка со Ротари клубот Битола Широк Сокак е повеќе од важна за НП Пелистер затоа што пред се претставува силно пратена порака до пошироката јавност дека заштита на природата и нејзиното афирмирање и промовирање во насока на нејзино зачувување и развој на туризам, сепак е обврска на сите нас и тоа треба да го правиме со конкретни дела.

Пелистер и понатаму останува симбол на обединување за сите нас кои ја сакаме Битола и Македонија, порачаа од Националниот парк Пелистер.

 А.Ш.
   

Најнови вести

4 ноември 2026

Зелени оази во Пелагонија - Награди од 10 до 30 илјади денари за најдобро уредените дворови во Новаци

4 ноември 2026

Битола го дочекува роденденот облечена во најубавите есенски бои

4 ноември 2026

Филмот во кој има и битолски актери - „Сестра, брат и шахта“ на Манчевски победи на фестивалот во Токио

4 ноември 2026

Македонските патници повторно ќе можат директно да летаат од Скопје до Дубаи - полесна врска со Австралија и Азија

4 ноември 2026

Од утре започнува исплатата на готовина за граѓаните без платежни картички во „АЛТА банка“ Битола

4 ноември 2026

Донка станува суперхероина: Борче Стаменов започна да пишува книга за „Донирај компјутер“

3 ноември 2026

Шалтери во Битола, Скопје и Струмица ќе се отворат за корисниците на социјална помош за подигање средства од Алта Банка

3 ноември 2026

Свечено отворени Музичка соба, Градска и Соба посветена на Офицерскиот дом посветени на проф.др Стерјовски

Поткасти

9 октомври 2026

Како со дронови се лоцира фронтовата линија на пожар со цел заштита на моликовите шуми на Пелистер

25 декември 2025

Поткаст: Лажните вести знаат да повредат и малолетни лица

24 декември 2025

Поткаст: Со транспарентност се бориме против дезинформации

16 декември 2025

Поткаст: Copy Paste новинарството го шири вирусот на дезинформаци

8 декември 2025

Поткаст: Социјалните мрежи нема да ги заменат професионалните медиуми